Промовирани огласи »

Бензиските сами ќе можат да ги утврдуваат цените на горивата

Новина во слендиот период е и тоа што наместо на две недели регулаторна цената на горивата ќе ја утврдува на седум дена.

Од вторник бензиските сами ќе можат да ги утврдуваат цените на горивата. Старата методологија на пресметка  истекува денеска со завршувањето на купопродажниот договор со Окта.  Но новата регулатива по која во идина тие ќе треба да се пресемтуваат сеуште не е донесена затоа што измените во законот за енерегтика со кој  таа треба да стапи на сила не се потпишани од претседателот на државата. Од регулаторна велат иако во следните денови измените може да добијат потпис,  додека да стапи на сила новата методологија   се јавува простор од неколку дена кој од  РКЕ се надеваат дека трговците нема да го искрористат и  да ги зголемат цените на горивата.

Новата методологија е речиси целосно готова. Извесно е дека со  новата регулатива во цената на горивата ќе се пресемтуваат повисоки трошоци за обезбедување поголеми количини нафтени деривати, а ќе почне да им се плаќа и на приватните компании за транспорт и складирање на резервите.  Но сеуште се преговара околу  маржата. Трговците побараа од регулаторна таа наместо сегашните 3,2 да изнесува 6 денари. Од регулаторна уверуваат дека новата пресемтка нема да предизвика ценовен шок кај горивата.

Новина во слендиот период е и тоа што  наместо на две недели регулаторна цената на горивата ќе ја утврдува на седум дена.

Промовирани огласи »

Почнува 31. Саем на книгата

Денеска почнува 31. Саем на книгата

Скопје, 8 мај 2019 (МИА) – Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ денеска од 10 часот ќе биде отворен за посетители 31. Меѓународен саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот.

Ќе учествуваат околу 70  издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна – од белетристика до научни и стручни книги, енциклопедии, литература за деца… Ќе има и околу 30 промоции во Промотивниот центар во ВИП Арената.

Покрај домашни, најавено е и учество на издавачки куќи од Србија, Косово, Албанија, Данска и од  Унгарија, чија книжевност е во фокусот на годинашниот Саем на книгата.

Официјално Саемот на книгата вечер ќе го отворат министерот без ресор Зоран Шапуриќ и извршниот директор на Скопски саем Даниeла Глигоровска. Поздравни обраќања ќе имаат и  академик Влада Урошевиќ, претседателката на Друштвото на писателите Соња Стојменска- Елсезер и гостите од Унгарија – писателот Ласло Багоши и Тамаш Мензер, државен секретар на унгарското Министерство за надворешни работи.

Влезниците за саемот се по цена од 30 денари, односно 20 денари за групни посети. За полесен и директен пристап на посетителите до ВИП Арена „Борис Трајковски“, ЈСП „Скопје“ и оваа година воведува две вонредни автобуски линии од населбите Ново Лисиче (бр. 100) и Дексион (бр. 200).

Саемот на книгата втора година се организира во спортската сала „Борис Трајковски“ по затворањето на халите на старата локација. Од Скопски саем велат дека работат на изнаоѓање трајно решение за нов простор за саемски презентации, а дотогаш ВИП Арената е инфраструктурно најсоодветен заменски простор.

Според Скопски саем, лани имало и повеќе посетители од 2017 година, а некои од издавачите минатата година оценија дека спортската сала била солидно адаптирана и променетата локација не го сменила духот на манифестацијата. 

Промовирани огласи »

Wizz Air добитник на награда за авио-компанија на годината

Wizz Air, најголемата нискотарифна авио-компанија во Централна и Источна Европа, прогласена е за авио-компанија за 2019 година

Wizz Air, најголемата нискотарифна авио-компанија во Централна и Источна Европа, прогласена е за авио-компанија за 2019 година, како дел од кампањата 2019 Air Transport Awards, единствената меѓународна награда која ги наградува сите најважни категории во воздушниот сообраќај.

“Почестени сме со фактот што сме препознаени како авио-компанија на годината. Оваа награда е резултат на напорна работа и посветеност на неверојатниот Wizz тим, лојалност и доверба на нашите корисници и подршка од нашите партнери. Компанијата Wizz Air разви бизнис на работење на едноставна премиса со цел патувањето да го направи достапно за секого и на тој начин да се создадат можности за подобар живот и подобар свет во кој живееме, а оваа награда е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат. Во иднина, Wizz Air ќе продолжи да го подобрува корисничкото искуство со воведување иновации и трудејќи се да им овозможи на сите да имаат можност да го разубават својот живот благодарение на патувањето”, изјавил заменик-извршниот директор и генералниот директор на Wizz Air Hungary, Стивен Џонс.

Претседателот на 2019 Air Transport Awards, д-р Костас Јатра порачал дека Air Transport Awards станува важен настан во авионската индустрија благодарение на посветеноста на организацијата и поединци во секторот за авијација, и дека е важно да се препознае и да се покаже почит кон најдобрите и да се слави нивното лидерство.

Промовирани огласи »

Најплатените 5 професии во светот денеска

Ова се најплатени пет професии во светот!

Изборот на кариера е навистина важно и тешко прашање кое сите од нас си го поставуваме, особено во младите години од нашиот живот. Кога ќе ги зголемите Вашите знаења и вештини со текот на времето, секако дека очекувате подобра и побогата кариера.

Во најголемиот дел од случаевите целата приказна станува комплетана кога ќе најдеме работа која е добро платена. Затоа секој од нас се стреми да најде работа со добра плата. Сепак оние најплатените работни места, никако не се лесни или патот до нив не е лесен.

Затоа ние денеска ќе ви ги претставиме најплатените професии денеска во светот.

Според многу истражувања, на прво место како најплатени се хирурзите со просечна плата од 258,900 долари, додека на второ место е орален и максилофацијален хирург со просечна плата од 233,400 долари.

На третото место исто така е професија од медицината, а тоа е гинеколог. Гинеколозите имаат просечна плата од 209,600 долари. Четвртата позиција е резервирана за психијатрите со плата од 197,500 долари, а на пето место се интернистите со 184,800 долари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »