Во 2016 година вкупно 82 000 милионери мигрирале во потрага по поволни услови за нив и Турција е една од петте земји, сведоци на таков најголем одлив, покажува истражувањето на New World Wealth.

Светската миграција на богатството се забрзува и околу 82 000 милионери мигрирале во 2016 година, во споредба со само 64 000 во 2015 година, прецизира извештајот на New World Wealth.
Најголем минатата година е одливот на богати од земји како Франција, Кина, Бразил, Индија и Турција.
Меѓу оваа петорка Турција забележува највисок раст на истекот на милионери. Ако земјата била напуштена во 2015 година од 1000 богаташи, минатата година нивниот број е зголемен на 6000.
Франција е на прво место во оваа негативна тенденција веќе втора година, бидејќи богатите луѓе се стремат да ги менуваат условите во кои работат. Одливот на милионери продолжува и во Кина и Индија, но поинтересни во листата се Бразил и Турција, тврди студијата. Во 2016 година Австралија била на чело на земјите кои ги привлекуваат луѓето со големи средства, следени од САД и Канада.
Миграцијата на милионери кон Нов Зеланд исто така се удвои, додека Обединетите Арапски Емирати остануваат атрактивни за богатите луѓе од регионот на Блискиот Исток.