За време на апостолската посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија движењето во централното градско подрачје, за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона.

Сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6:00ч до 19:00ч на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносна проверка.
Поради тоа, апелираме сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови 30 минути порано од вообичаено, со цел да стигнат на време на работа.
Во зоната ќе се пристапува преку 9 влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот „Македонија“:
- Влез 1 кај Управен суд на ул. „Орце Николов”
- Влез 2 кај хотел Мериот на ул. „Максим Горки“
- Влез 3 кај кафе Тренд на ул. „Никола Вапцаров“
- Влез 4 кај Министерство за правда на ул. „Димитрие Чуповски“
- Влез 5 кај Министерство за финансии на ул. „Даме Груев“
- Влез 6 кај Завод за статистика на ул. „Даме Груев”
- Влез 7 кај Пелагонија на ул. „Димитрие Чуповски”
- Влез 8 кај Порта Македонија на ул. „11 Октомври”
- Влез 9 кај излезот од ГТЦ кон Плоштад
Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката.