Промовирани огласи »

Историска посета на Светиот Отец: Не се ракоплеска, не се носи цвеќе, кои влезови на градот ќе бидат отворени

Не се дозволени ниту сите видови на алкохолни пијалоци и чадори, па ни транспаренти и големи знамиња

Со највисоко ниво на безбедност, Скопје на 7 мај го дочекува папата Франциск. Како никогаш досега се определени строги правила на однесување и на движење низ главниот град на државата, кој на тој ден буквално ќе функционира поразлично. Владата не гопрогласи 7 мај за неработен ден, но на тој ден, пристапот до центарот на градот ќе биде ограничен. Јавниот градски превоз ќе биде бесплатен, а нема да се наплатува ниту меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај. Од 6 мај по 17 часот и на 7 мај во текот на целиот ден ќе биде бесплатно и паркирањето низ Скопје.

Според податоци од интернет страницата која е креирана специјално за посетата, движењето во централното градско подрачје ќе биде непречено, но забавено затоа што овој појас ќе биде строго обезбедена зона.

Сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 часот наутро до 19 часот на 7 мај ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносна проверка.

Во зоната ќе се пристапува преку 9 влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот „Македонија“:

  • Влез 1 кај Управен суд на ул. „Орце Николов”
  • Влез 2 кај хотел Мериот на ул. „Максим Горки“
  • Влез 3 кај кафе Тренд на ул. „Никола Вапцаров“
  • Влез 4 кај Министерство за правда на ул. „Димитрие Чуповски“
  • Влез 5 кај Министерство за финансии на ул. „Даме Груев“
  • Влез 6 кај Завод за статистика на ул. „Даме Груев”
  • Влез 7 кај Пелагонија на ул. „Димитрие Чуповски”
  • Влез 8 кај Порта Македонија на ул. „11 Октомври”
  • Влез 9 кај излезот од ГТЦ кон Плоштад

Инаку, на граѓаните кои ќе бидат присутни ќе им биде забрането да носат експлозивни направи, пиротехнички средства запалки, петарди, факли, „бенгалки“,потоа предмети погодни за повредување и самоповредување, храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа. Не се дозволени ниту сите видови на алкохолни пијалоци и чадори, па ни транспаренти и големи знамиња.

Организаторот препорачува храната која ќе се носи да е во хартиена кутија и да се носи мантил заради заштита од дожд ако евентуално заврне.

Додека Светиот Отец минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на какви било предмети дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање. 

Промовирани огласи »

Сакате да работите во странство? Еве колку се плаќа саатница во европските земји

Еве колку се плаќа саатница во европските земји

Саатниците се најчесто во регионот и околу главниот град на државите. Има исклучоци за Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Грција.

Многу граѓани од регионот во потрага за подобар живот одат во ЕУ да работат за повисоки дневници.

Според податоците на Eurostat, просечната стапка на компензација на вработените во Европската унија, во поглед на заработката, плата и социјални придонеси кои ги плаќа работодавачот се движат од 44 евра во околината на Брисел и Луксембург до помалку од четири евра во три региони во Бугарија.

Просечната саатница во Европската унија во 2016 година изнесувала 22,8 евра.

Саатниците се најчесто во регионот и околу главниот град на државите. Има исклучоци за Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Грција.

Просечната саатница во Словенија изнесува 16,1 евра, а во Хрватска 8,6 евра. Највисока просечна саатница е во Данска 38,9 евра, и во Белгија, каде што за час работа плаќаат 38 евра. На дното на листата се наоѓаат Бугарија со 4,7 и Романија со 5,1 евро на час.
Во средината на рангирањето се Р. Ирска со 28,3, Шпанија со 19,4.

Саатници по држави:

  • Франција 32.8
  • Грција 11.2
  • Шведска 28.8
  • Финска 30
  • Португалија 11
  • Унгарија 6.9
  • Словачка 9.6
  • Германија 31.3
  • Австрија 29.3
  • Италија 22.7

Промовирани огласи »

Два и пол пати помалку туристи: Македонците лани ја избегнувале Грција

Од три милиони Македонци пред четири години, лани бројот паднал на 1 милион ⛱🏖🏝

Над еден милион туристи од Северна Македонија, во текот на 2018 ја посетиле Грција, со 155 милиони ноќевања, а приходите за јужниот сосед од нашите туристи, минатата година, достигнале до 155 милиони евра, според статистичките податоци во годишниот извештај од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот јануари-декември 2018 година, 1.187.200 Македонци ја посетиле Грција, што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017.

Доколку се направи споредба од годишните извештаи на Банката на Грција за последните четири години, се забележува тренд на опаѓање на бројот на туристи од земјава. Од 2015 до 2018, за два и пол пати е намален бројот. Пред четири години, Грција ја посетиле над три милиони туристи од Северна Македонија.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

ДОБАР БИЗНИС СОВЕТ: Кога не знаете по кој пат да тргнете, кој треба да го послушате?

Она во што веруваш ти да можеш да станеш далеку се разликува од она во што веруваат другите😞🤔😉

Џош Бечтер  (Josh Bechter) има многу титули. Закотвен е на листата милениумски инфлуенсери кои треба да се следат во 2018 година, а е еден од најпопуларните автори на социјалните мрежи/сајтови како што се  “Quore” и “LinkedIn”. Покрај сето тоа, коосновач е на BAMF Media, учесник на  “Growth Agency” и говорник. Јасно е дека знае како да креира содржина така што ќе привлече и влијае на публиката, и како да направи паметни потези во кариерата и работата.

Неодамна објави пост на LinkedIn , кој ви го пренесуваме како одличен бизнис (но и животен) совет:

„Една жена ми пиша порака преку LinkedIn. Сакаше бизнис совет. Подоцна и во живо разговаравме, и ми рече: „Се наоѓам на крстопат. Би сакала да основам своја компанија, но имам понуда да работам во областа на недвижнини“.

Ја прашав: „Што се предностите на едното и другото?“, а таа одговори: „Луѓето ми говорат дека би била одлична во бизнис со недвижнини.“

Ја прекинав и ѝ раскажав една случка.

***

Кога почнав со пишувањето, сите мои пријатели и семејството ми се смееја со години. И не ги обвинувам, бев одличен писател. Ми говореа дека треба да се занимавам со финансии, да студирам право..Не ги послушав. Дури и кога ја објавив првата книга, не ме сфатија сериозно.

Беа потребни пет години, над илјада текстови, и три книги, пред воопшто да почнам да стекнувам лојална публика и ја заслужив нивната почит.

И вредеше. Затоа што го сакам пишувањето. Не би го менувал за ништо на светот.

***

И потоа и реков: „Она во што веруваш ти да можеш да станеш далеку се разликува од она во што веруваат другите. Најдобрата работа која можеш да ја направиш на прво место, да си веруваш себе си.

Што ти вели твојот инстинкт дека треба да направиш  со својот живот?“

Не одговори. Но, двајцата го знаевме одговорот.

Не е моја работа да и кажувам кој пат да го избере. Ниту тоа е работа на нејзиното семејство и пријатели.

Тоа е нејзин избор. Веќе ја знаеше вистинската одлука. Не направив ништо. Само ја потсетив.“

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »