Промовирани огласи »

Посебни правила за движење на автомобили и пешаци во Скопје за време на посетата на папата

Центарот на Скопје ќе биде затворен за време на посетата на папата Франциск

За време на апостолската посета на папата Франциск, на територијата на град Скопје и правецот од Меѓународниот аеродром Скопје до центарот на градот, на 7 мај ќе важат посебни сообраќајни правила за движење на автомобили, како и посебни правила за движење на пешаците низ центарот на Скопје, информира Координативното тело за организирање на посетата на папата на Република Северна Македонија.

Наведувајќи ги посебните сообраќајни правила на движење на автомобили во централното градско подрачје во Скопје, од координативното тело посочуваат дека во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг”, на 7 мај од 6 часот до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и тој ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел негово непречено одвивање.

Поточно, во овој временски период ќе се формира „Рестриктивна зона” на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени сообраќајниците: ул. „11-ти Октомври” од крстосницата со бул. „Кочо Рацин” до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски”, ул. „Даме Груев“, ул. „Македонија”, ул. „Васил Главинов”, ул. „Филип Втори Македонски”, ул.„Св. Климент Охридски” (адвокатска) и ул. „Иљо Војвода”, информираат од Координативното тело.

Министерството за внатрешни работи, како што се посочува, го задржува правото за стационирање (стопирање) на сообраќајот во кратки временски интервали и на други сообраќајници, во времето на движење на папата низ Скопје.

Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата кои се движат во редовен сообраќај со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на папата, се: бул.„Кочо Рацин”, ул. „11-ти Октомври” од крстосницата со бул. „Кочо Рацин” до крстосницата со бул.„Борис Трајковски”, ул.„Св.Кирил и Методиј”, бул. „Св. Климент Охридски”, бул.„Партизански одреди”, ул.„Самоилова” и бул.„Гоце Делчев”.

Од Координативното тело апелираат до граѓаните на трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Граѓаните кои живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, доколку сакаат да ги користат своите возила на 7 мај, од Координативното тело апелираат истите да ги извадат надвор од рестриктивната зона на 6 мај, а во спротивно тој ден нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим од 6 до 19 часот.

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај после 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.

Од Координативното тело апелираат до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места и да избегнуваат користење на автомобили. Користењето на автобусите на ЈСП на територија на Град Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација. Посебниот автобуски возен ред за 7 мај наскоро ќе биде објавен на веб-страната на ЈСП www.jsp.com.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk како и на официјалната веб-страна за посетата на папата Фрациск www.papa.mk.

Во врска со посебните сообраќајни правила на движење на автомобили на трасата од Меѓународниот аеродром Скопје до централното градско подрачје на Скопје на 7 мај, од Координативното тело наведуваат дека во временските интервали од 07:30 часот до 9 часот, како и од 17 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул.„Александар Македонски“ од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.

На трасата ВелесСкопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци- Идризово – Маџари. На трасата КумановоСкопје, на клучката Миладиновци [кај Рафинеријата], сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани. На трасата Куманово-Велес ќе има кратко стационирање (застој на сообраќајот), во двата посочени временски интервали, потенцираат од Координативното тело и апелираат до сите граѓани кои планираат да поминуваат на овие три правци, да излезат од своите домови еден час порано од претходно планираното, со оглед што движењето по споредните сообраќајници може да трае подолго од планираното. Истото важи и за сите граѓани кои на 7 мај имаат лет преку Меѓународниот аеродром Скопје.

Се апелира сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз. На 7 мај железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатен за сите граѓани. Посебен возен ред на возови за 7 мај ќе биде објавен на сајтот на Железници на Република Северна Македонија www.mzt.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk , како и на официјалната веб-страна за посетата на папата Фрациск www.papa.mk.

Во врска со посебните правила за движење на пешаци во централното градско подрачје на Скопје на 7 мај, од Координативното тело посочуваат дека за време на посетата на папата во централното градско подрачје (познато како Мал ринг), за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Тоа значи дека сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 часот до 19 часот на 7 мај ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки. Поради тоа, апелираат сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови половина час порано од вообичаено на патот кон работното место, со цел да стигнат навреме.

Во зоната „Мал ринг“ ќе се пристапува преку осум влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот Македонија: кај Управен суд на ул.„Орце Николов”, кај хотел Мериот на ул.„Максим Горки”, кај кафе Тренд на ул.„Димитрие Чуповски”, кај Министерство за финансии на ул.„Даме Груев”, кај Завод за статистика на ул.„Даме Груев”, кај Пелагонија на ул.„Димитрие Чуповски”, кај Порта Македонија на ул.„11 Октомври”, на предната страна од ГТЦ кон Плоштад.

Од Координативното тело апелираат до сите граѓани кои ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за учество на литургијата на папата, да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот потребно е да се чува со себе се до крајот на литургијата. Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот „13 Ноември” од двете страни на реката.

Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона „Мал ринг“, наведуваат и Координативното тело и потенцираат дека 7 мај е работен ден при што за сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени потребните услови за работа.

Линк до мапата за движење за време на престојот: http://bit.ly/MapaZaPosetata

Промовирани огласи »

Премногу често менаџерите на предната линија не се подготвени да разговараат со вработените за компензација - или зошто таа компензација не е повисока.
Кога менаџерите зборуваат со вработените за нивниот надомест, тие треба да бидат подготвени да кажат:

  • Факторите кои одат во поставување плати или час плата, како и променлива стимулативна плата, како што се бонуси.
  • Кога компензацијата на вработениот спаѓа во рамнината на платата на својата позиција или опсегот на исплата и дали слични работни места се групираат во заеднички опсег.

Како можат да им помогнат на вработените да ги стекнат потребните вештини за да напредуваат. TodayTix, онлајн препродавач на театарски билети, со седиште во Њујорк, користи скрипти и игра со улоги за да им помогне на менаџерите да можат поудобно да ги водат овие разговори.

Фирмата, исто така, им дава насоки на менаџерите за тоа кога е вклучен човекот во овие разговори е соодветен, како на пример кога разговорот потенцијално може да стане спорен. Во други ситуации, менаџерите се охрабруваат да им веруваат на цревата и да допрат до човечки ресурси ако мислат дека ќе им треба помош од која било причина.

"Нашите менаџери имаат тенденција да бидат помлади, со ограничено искуство во управувањето", објасни Jes Osrow, директор на компанијата за луѓе и култура.

Затоа, на почетокот им треба насока и поддршка пред да платат разговори. "Сакаме вработените да чувствуваат дека се слушнати и дека нивниот менаџер се залага и ќе се залага за нив, како тие ја подобруваат нивната работа и перформанси", истакна таа.

Додека TodayTix е транспарентен за дискутирање на вештините, ставовите и позадината неопходни за секоја работа во организацијата, таа споделува информации за платите со само менаџери и раководни лица. Бидејќи бендовите за секој оддел различно-инженеринг имаат многу пошироки бендови отколку другите одделенија, на пример-лидерите на компанијата се загрижени дека размената на информациите може многу да му наштети на моралот. Двајца луѓе кои се на исто ниво, но во различни оддели може да имаат многу различни плати, а тоа може да предизвика незадоволство.

Промовирани огласи »

Четири дена бесплатен паркинг на ПОЦ

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи во вторник.

По повод претстојните Велигденски празници од 26.04.(петок) до 29.04.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М., стои во нивното соопштение.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 30.04.2019 година (вторник) со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

Улиците во Скопје на 7 мај ќе бидат затворени од 7 наутро, мисата на Папата почнува во 11.30 часот

Папата Франциск ќе ја одржи мисата на плоштадот Македонија во Скопје во 11:30 часот на 7 ми мај.

Папата Франциск ќе ја одржи мисата на плоштадот Македонија во Скопје во 11:30 часот на 7 ми мај.

Во литургискиот простор ќе можат да влезат само граѓаните со обезбедена влезница од Католичката црква и документ за лична идентификација и тоа само во периодот од 6 до 9 часот, по што пристапот на плоштадот ќе биде забранет. Ова се само дел од деталите за историската прва посета на Папата во земјава, кои денеска ги соопштија премиерот Зоран Заев, бискупот Киро Стојанов и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

Учесниците на мисата треба да пристигнат во Скопје најдоцна до 6 часот. Потребно е да се пристигне во ова време заради безбедносните прегледи кои ќе се вршат на патиштата, а од 7 часот улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај. Влезот во литургискиот простор ќе биде отворен од 6 часот, а до 9 часот сите пријавени учесници треба да се наоѓаат на плоштадот. Пред влезот во литургискиот простор ќе биде извршен полициски преглед, се вели во соопштението на сајтот за официјалната посета на папата Фрањо на Скопје papa.mk.

Присутните на литургијата не смеат да носат експлозивни направи, запалки, петарди…а забрането е внесување и на храна и пијалоци во метална и стаклена амбалажа, алкохол, чадори и знамиња.

Сите учесници со себе треба да имаат влезница и личен документ лична карта или пасош, здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат. Потоа вода и освежувачки пијалоци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Доколку врне бидејќи нема да биде дозволено внесување на чадори препорачуваме мантил за дожд, стои во правилата објавени од координативното тело.

Кога папата Фрањо ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање на било какви предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »