Црна Гора се наоѓа меѓу европските држави кои се соочуваат со ризик за зголемување на јавниот долг, наведе Светска банка во новите Глобални економски прогнози.

Јавниот долг на оваа земја изнесува 2,3 милијарди долари, односно 58,84 проценти од бруто домашниот производ.
Ризик од зголемување на јавниот долг имаат и Албанија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Полска и Украина.
Состојбата со вкупниот долг на ентитетите на Босна и Херцеговина се влошува. Самиот долг е зголемен во текот на изминатите десет години, па на ниво на ентитетите се менуваа дури и закони кои го одредуваа горниот праг на задолженост, за да се подигнуваат нови кредити. БиХ е должна шест милијарди евра, односно 41,5 отсто од БДП.
Министерството за финансии на Србија соопшти дека сосотјбата со јавниот долг во декември минатата година изнесува 25,1 милијарда евра, односно 72,9 проценти од БДП.
Македонија има јавен долг од 3,4 милијарди евра, односно 38 отсто од БДП, а од регионот најмалку е задолжено Косово со 852 милиони евра или 14,47 проценти од Бруто домашниот производ.
Јавен или државен долг го сочинуваат средствата кои државата ги позајмувака за да го финансира дефицит.
Се работи за финансиски инструмент кој опфаќа елементи на јавни приходи и расходи, бидејќи во моментот на склучување на договорот за кредит тоа е приход, а во моментот на доспевање е расход за државата.