Промовирани огласи »

Одлични работни места во ТАВ, Електродистрибуција, Зегин и други престижни компании на KARIERA.mk!

Одлични работни места во ТАВ, Електродистрибуција, Зегин и други престижни компании на KARIERA.mk!

ТАВ Македонија вработува АЕРОДРОМСКИ ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК: https://kariera.mk/job/9xMX42MV5kCOOiMdGG94ng/aerodromski-transporten-rabotnik

Можност за работа како АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ со ССС: https://kariera.mk/job/5B-hBsUrUEWwBQW_GlZ0pA/administrativen-rabotnik

Земете учество во ПРОГРАМАТА ЗА УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ во ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА. Наменета за апсолвент/ки или штотуку дипломирани Инженер/ки: https://kariera.mk/job/t_0ihGVYDEK4UsIJa9Vf9w/programa-za-uchenje-i-razvoj

Македонски Телеком со цел зголемување на продажниот тим е во потрага по АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/ZGUsdn2t8U-qK2W-t9s64g/agenti-za-prodazhba-na-teren

Најпознатото ТВ шоу Еден на Еден има потреба од видео монтажер. Доколку имаш искуство најмалку 2 години и имаш познавања од adobe premiere, adobe effects и photoshop, аплицирај на следниов линк: https://kariera.mk/job/hw1gmjrWrEeRVpVA-PHnSg/video-montazher

Сенсор ДОО има потреба од АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИИ со завршено унивезитетско образование – Економски факултет: https://kariera.mk/job/XTNx1313x0W2FADt1xGWKg/asistent-za-finansii

ДЕКРА за свој клиент (глобален бренд во услужните операции кој опслужува повеќе од 100 милиони корисници и има 50.000 вработени низ светот) бараат МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ: https://kariera.mk/job/GmmfjatPakG6nU6BAOHshQ/human-resources-manager

Доколку сакаш да работиш во динамична средина исполнета со предизвици, поседуваш одлични комуникациски и презентациски вештини и одлично го познаваш албанскиот јазик, тогаш можеби си личноста што им треба на MPG Solutions за нивната отворена позиција АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/TzdsjxqWrUakzPPQY8GtKw/agent-za-prodazhba

Промовирани огласи »

Од наредната седмица директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Предвидено е летовите на двете линии за време на летната туристичка сезона да се реализират двапати седмично.

Од наредната седмица стартуваат првите летови на нововоспоставените директни линии на релација Охрид – Малме и Охрид – Милано, што ќе ги реализира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

В понеделник на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе слета првиот авион од Малме, додека ден подоцна во вторник ќе биде воиспоставена и директната авионска врска на Охрид со Милано.

Предвидено е летовите на двете линии за време на летната туристичка сезона да се реализират двапати седмично и тоа до 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела, додека летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.

Согласно договорот потпишан меѓу Владата и „Визер“, авиокомпанијата е обврзана од јули да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.

Промовирани огласи »

Про Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до утре, 15 март, потсетува АМСМ.

Утринава сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Од завчера започнa изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес – Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.

Од АМСМ информираат дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Промовирани огласи »

Кипар и Финска поблиску од кога било - нови 8 авиолинии од „Визер“

Авиокомпанијата „Визер“ се подготвува за лансирање на својата прва од осумте нови дестинации.

Авиокомпанијата „Визер“ се подготвува за лансирање на својата прва од осумте нови дестинации од Македонија за нешто повеќе од една недела, истовремено зголемувајќи ги капацитетите и надградувајќи одредени правци.

Сите осум нови линии ќе функционираат цела година. Сезонските летови од Скопје до Барселона, како и од Охрид до Лондон (Лутон), кои ќе продолжат ова лето по петмесечна пауза, повторно ќе бидат во функција во текот на целата година, со два лета неделно планирани на двете рути за зимата 2019/2020.

Покрај тоа, нискобуџетната авиокомпанија ги зголеми капацитетите за претстојната нова линија меѓу Скопје и Ларнака, која треба да стартува на 3 јули. За летовите сега ќе се користи поголемиот авион „Ербас А321“ со 230 места, наместо првично планираниот „А320“ со 180. Меѓу македонскиот главен град и кипарскиот град ќе се лета два пати неделно, секоја среда и недела.Од скопскиот аеродром ќе бидат отворени две нови линии кон Германија и тоа кон Баден-Баден и Бремен и кон Турку во Финска.

Како што претходно беше објавено, „Визер“ ќе ја зголеми и фреквенцијата на своите постоечки линии. Авиокомпанијата ќе додаде дополнителен неделен лет од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн и Малта, а операциите до Базел ќе бидат зголемени за дополнителни три лета неделно на вкупно десет седмично. Растот ќе го овозможи користењето петти авион, „А320“, во скопската база ова лето.

„Визер“ превезе преку 1,4 милиони патници на своите летови од и кон Македонија во 2018 година, што претставува раст од 14,4 проценти во однос на претходната година. Авиокомпанијата имаше пазарен удел од 62 отсто, а во 2018 година на неа отпаднаа 85 отсто од сите патници кои патувале со нискобуџетни превозници во Македонија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »