До неодамна луѓето тврдеа дека нема потреба од производство на телефон со професионална камера, бидејќи никогаш нема да може да го замени вистинскиот апарат. Но, Billboard- најпозната музичка платформа во Америка ги отфрли ваквите тврдења....

Billboard го претстави своето ново издание, каде фотографијата на предната страна е направена со iPhone 7 Plus. Ова е голем напредок за смартфон камерите, бидејќи иако не се совршени, стануваат се поспособни и се доближуваат до професионалните апарати. Apple е особено задолжен за успехот, со создавањето на висококвалитетните камери кои се голем фактор во напредокот на технологијата.


Инаку, на фотографиите се наоѓа Camila Cabello, бившиот член на Fifth Harmony. Пејачката е застана пред заматена позадина од Beverly Hills, постигната со Portrait модот на iPhone 7 Plus и дуелниот систем камери на задната страна.
Ова не е прв пат како iPhone е користен за вакви прилики. Филмот Tangerine, кој излезе во 2015 година, целосно беше снимен на iPhone 5S.
Miller Mobley, фотографот позади новото издание на Billboard, бил возбуден да ги испроба фунцкиите на Apple смартфонот, иако наишол на неколку проблеми (на пример, начинот на кој излегла косата на фотографиите).
Дали би ја препознале разликата, доколку не знаевте дека сликите не се направени со професионален апарат?