Промовирани огласи »

Уште едно дете заболено од мали сипаници - за 4 дена вакцинирани 220 дечиња

По прогласување на епидемијата во Радишани се отворени пунктовите за вакцинирање каде што граѓаните на Скопје кои не се вакцинирани можат да се имунизираат.

По прогласување на епидемија на морбили во населбата Радишани, во која заболеа 5 дечиња и еден возрасен, уште едно дете заболено од мали сипаници. Здравствените власти велат дека се работи братче-близнак на детенце кое веќе боледува од сипаници.

Од минатата недела градинката „Ташко Караџа“ од страна на санитарните испектори е затворена, а 104 деца се дома и можно е да се заразени од овој вирус.

Во пунктовите на Здравствен дом е воведена вонредна вакцинација на децата кои ја немаат примено вакцината МРП и за само четири дена се вакцинирани 220 деца.

Од Здравствен дом Скопје потенцираат дека по прогласување на епидемијата во Радишани се отворени пунктовите за вакцинирање каде што граѓаните на Скопје кои не се вакцинирани можат да се имунизираат.

Промовирани огласи »

2 јануари ќе биде неработен ден за јавната администрација

Добра вест: Граѓаните ќе одмараат еден ден плус

На вчерашната седница Владата одлучи 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.

Владата вчера го прифати усогласениот текст на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Република Македонија за реализација на Проект „Носење промени – добро управување и ефективност во јавната администрација“.

Промовирани огласи »

Либерална партија ја повика македонската влада да ги затвори коцкарниците и обложувалниците

За да се задржи интегритетот на државата и луѓето

"Либералната партија бара од Владата и Министерството за финансии да го следат примерот на Албанија и да направат промени во Законот за игри на среќа. Поради оваа причина, неопходно е да се прекинат електронските игри на среќа (слот машина), во населените места“, гласи денешното барање што го упати оваа партија до надлежните органи.

Овие феномени не се вклопуваат во интегритетот на државата и на самите луѓе. Поради оваа причина, бараме да ги затвориме сите казина и наплатни места за спортско обложување, кои се во голем број на најпрометните улици во македонските градови и села и во близина на образовните институции. Предлагаме спортските залози да бидат дозволени само на он-лајн платформата, додека на казината може да се пристапи само во хотели со висок ранг или во области неколку километри подалеку од населените места ", се вели во соопштениетона Либералната партија.

Промовирани огласи »

Од 1 јануари наместо персонален, граѓаните ќе плаќаат данок на личен доход

Од 1 јануари прогресивен данок

Фирмите немаат причина за загриженост, УЈП е во постојана комуникација со нив ќе им помага да ги подготват софтверите за даночната реформа да почне навреме и без проблеми.

Од 01 јануари наместо пероснален данок граѓаните ќе плаќаат данок на личен доход. За приходите до 90.000 денари данокот останува 10%, а сумата над тоа ќе се доплаќаат уште  8% данок. Прогресивното даночење не е новина и Тевдовски очекува успешен старт.

Освен даночната реформа Министерствто за финансии годинава направи десетина клучни реформи. Почната е финансиската консолидација што придонесе долгот да се стабилизира. Во текот на 2019 ќе продолжат аукциите на ДХВ два пати месечно, а новото задолжување ќе изнесува 17 милијарди денари. За догодина Тевдовски очекува да продолжи трендот од последните неколку месеци кога економијата остварува позитивни резултати.

Тевдовски очекува во 2019 да продоли и трендот на раст на платите. Просечната нето плата заклучно со октормври надмина 24.800 денари и во однос на истиот период лани е зголемена за 6%.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »