Промовирани огласи »

Швајцарците се најбогатите луѓе на светот, со просечно богатство од 561. 900 долари за возрасен, објави Credit Suisse“ во годишниот извештај за богатството со што го потврди првото место на оваа земја веќе 16-та година по ред.

Жителите на САД ги следат со богатство вредно 344.700 долари, a следат Британците кои поседуваат просечно 288.800 долари, наведува во својот извештај најголемата швајцарска банка од Женева. Со падот на фунтата по одлуката на В. Британија за напуштање на ЕУ избришани се вкупно 1,5 милијарди долари од вкупното британско богатсво, потврди „Credit Suisse“.

Прв пат по глобалната финансиска криза од 2008-ма, глобалното просечно богатство по лице стагнираше во 2016-та на 52.800 долари.

Во извештајот исто така се наведува дека прв пат по 2008-ма, оваа година пораснал уделот на непаричниот имот, како дел од богатството на некое домаќинство.

Растот на цената на недвижностите е додаден во приватното богатство во неколку земји, вклучувајќи ја и Германија.

Групата на супербогати луѓе, кои поседуваат најмалку 50 милиони долари, порасна со 4.100 поединци на вкупно 140.900 во текот на минатата година, поттикнат од порастот во азиските земји.

Се проценува дека 33 милиони луѓе во светот имаат помеѓу милион и 50 милиони долари. Богатите Американци сочинуваат 45 проценти од таа група, а Европејците 30 отсто.

На оние од земјите од азиско-пацифичкиот регион, вклучувајќи ги Индија и Кина, отпаѓа 18 посто од богатите. Со 1.6 милиони милионери, комунистичка Кина е дома на пет проценти од нив.

Во клубот на супербогатите, оние кои поседуваат 50 и повеќе милиони, има 140.900 луѓе. Во Кина има 11.000, најмногу по САД каде живеат 70.400, a Германија е трета со 6.100 супербогати.

Најсиромашните 20 отсто од светската популација, оние кои заработуваат до 248 долари., се проценуваат на милијарда. Меѓу нив е 44 посто од т.н. нето должници кои поседуваат помалку 2628 долари.

Речиси една третина од најсиромашните живеат во азиските и африканските држави. Индија е на врвот на оваа листа со 246 милиони луѓе, а следат Кина со 72 милиони и Нигерија со 35 милиони луѓе.

Mеѓу останатите земји кои најмногу придонесуваат во таа сиромашна категорија се Русија со 28 милиони, Украина со 25 милиони и САД со 21 милиони меѓу најсиромашните луѓе во светот.

Промовирани огласи »

По повеќето откриени афери и скандали за даночно затајување, вклучувајќи ги и последните од „Панама пајперс”, Европскиот парламент ја поддржа позицијата на Комисијата и даде зелено светло, со 590 гласови „за“, 32 гласа „против“ и 64 „воздржани“, даночните власти во ЕУ автоматски споделуваат информации за носителите на банкарските сметки, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Новите одредби дозволуваат и ги принудуваат националните даночни власти одговорни за борбата и контролата на перењето на парите, автоматски, заедно со партнерите во другите земји-членки, да делат информации, како што се банкарски салда, приходи на интерес и дивиденди.

– Единствениот начин да се бориме против ова зло [даночно затајување] што влијае на јавните финансии, е можно само преку значителни напори во областа на транспарентноста” изјави европратеникот Емануел Морел (Франција), известувач во ЕП по ова прашање.

Врските помеѓу перењето пари и финансирањето на тероризмот, организираниот криминал и даночното затајување покажуваат дека е потребна соработка и потесна коориднација помеѓу земјите на ЕУ, се наведува во оваа резолуција.

Ажурирање на Директивата 2011/16 / ЕУ беше презентиран од страна на Европската комисија во јули 2016 година, а поддржана од страна на земјите-членки во септември. Гласањето на Парламентот сега овозможува влегување во сила на новата регулатива веднаш, што земјите-членки мора да го имплементираат до крајот на 2017 година.

Промовирани огласи »

Facebook планира да вработи уште 500 лица во Велика Британија во новата филијала која планира да ја отвори во Лондон.

За потребите на новата канцеларија, компанијата ќе го зголеми бројот на британски работници за 50 проценти.

Кога ќе се отвори канцеларијата следната година, компанијата планира да вработи вкупно 1.500 лица во Лондон.

Велика Британија и понатака е едно од најдобрите места за централа на компаниите и претставува важен дел од историјата на Facebook“. Во Лондон дојдовме во 2007 година со само неколку луѓе. До крајот на следната година ќе имаме нова филијала и нови 1.500 работници“, изјави Никола Менделсон, шеф на Facebook за Европа.

Садик Кан, градоначалникот на Лондон, наведе дека ова е уште еден глас за доверба во Лондон.

Да се потсетиме, и Google минатата недела ги израдува Британците со најавата дека ќе гради ново седиште во центарот на Лондон.

Тагови: Facebook

Промовирани огласи »

Конференцијата Microsoft Визија: Reloaded, која се одржа на 17-ти и 18-ти овј месец  предизвика голем интерес кај јавноста. Организаторите информираат дека  за време на двата дена на  Microsoft Визија конференција повеќе од 350 посетители имаа можност да чујат педесетина предавања од професионалци во ИТ индустријата од земјава и  странство, како и да учествуваат во разни дискусии и панели.

Една од главните теми на конференцијата беше Дигиталната трансформација на бизнисите, а главен говорник беше Michael Kögeler, генерален директор за CEE Multi-country Europe во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа и кој со својот уникатен стил на презентирање ги воодушеви присутните. Според Kögeler, тектонските промени во информатичките технологии ја форсираат дигиталната трансформација која креаира раст, конкурентност, зголемена продуктивност и брз проток на информации преку трансформација на бизнис процесот, трансформација на продуктите и начинот на интеракција со клиентите и вработените.

На Македонија и недостасуваше Визија, а овие два дена само го потврдија тоа. Мериот беше претесен за да ги собере на едно место сите заинтересирани ИТ и бизнис професионалци кои што имаа можност да ја откријат целата приказна за дигиталната трансформација и да ги дознаат потенцијалите и можностите за зголемување на продуктивноста користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот. Овие два возбудливи дена само ни даваат поттик за да работиме уште од сега за следната Microsoft Визија: Reloaded 2017, изјави Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.

Во рамки на Microsoft Визија: Reloaded се одржа и Device Days, традиционален настан кој Microsoft секоја година го прави за своите партнери. За време на Device Days беа претставени новите функционалности на Windows 10 Pro како и новите уреди со Windows 10 достапни во Македонија. Исто така беше претставен и новиот Windows Server 2016 како и разни бизнис сценарија за компаниите од сите сектори.

На конференцијата, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација кои на самото место го полагаa испитот Microsoft Office Specialist.

Стратешки партнер на конференцијата беше компанијата Nextsense, а ексклузивен партнер компанијата IT Labs, додека златни партнери беа компаниите Cacttus, VEEAM, TDK и RRC.

Тагови: Microsoft

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »