
Можете ли да замислите да работите постојано, без никаков одмор или слободен ден? Не, нели? Е, не таков е случајот со 61-годишната Донг Минжу, која се смета за најуспешна бизнис дама во Кина. За целиот свој работен стаж од 27 години таа не искористела ниту еден ден одмор.
Донг е на чело на компанијата за климатизација Gree Electric, чиј бизнис е во вредност од 22 милијарди долари. Родена е во 1954 година и е најмала од 7те деца во семејството.
По завршувањето на образованието во 1975 година, започнала со работа во државната администрација, поточно во хемиска лабораторија. Таа работи таму 15 години.
Во 1990 година, кога има 36-годишна возраст и неодамна станува вдовица, одлучува да се пресели во Зухај – поразвиениот економски дел на Кина, за да бара подобра работа. Тогаш започнува работа во компанијата Haley, која потоа се претвора во Gree Electric и од овој ден е секогаш на работното место – буквално и фигуративно.
Таа се искачува на хиерархиска скала од најниско до највисоко ниво. Во 1994 година е раководител на продажба на компанијата. Кога во 1996 година Gree Electric излегува на берзата, Донг веќе е потпретседател.
Под нејзино раководство продажбата на компанијата минува онлајн, што се одразува силно на профитот. Откако е на чело, акциите на компанијата се зголемиле за 2.300%, што носи 12 милијарди долари приходи годишно.
Паралелно со работата, таа успеала да издаде и 2 книги. Автобиографијата ја има издадено во 2006 година, која го носи името Relentless Pursuit (тежнение), каде потоа прераснува во во популарна телевизиска серија.
А за паузата, тврди дека ќе има доволно време за неа, кога ќе се повлече од бизнисот и се пензионира.