Кај нив постои само среќа и тоа поради принципот на кој ние, се чини, одамна сме заборавиле.Истражувањата спроведени пред неколку години за тоа во кои земји луѓето се најсреќни, покажале дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат најсреќните луѓе. Скандинавците имаат правила до кои строго се придржуваат и токму поради нив се среќни секој ден.

Овие луѓе се придржуваат до следните 4 правила:
1. Скромни се и ги почитуваат другите луѓе
Во нордиските земји познат е „законот на градот Јанте“, според кој никој не треба да се истакнува:
- Немој да мислиш дека си нешто посебно
- Немој да мислиш дека си најдобар на светот
- Немој да мислиш дека си најпаметен
- Немој да се убедуваш себеси дека си подобар од другите
- Немој да мислиш дека знаеш повеќе од другите
- Немој да мислиш дека си поважен од другите луѓе
- Немој да им се потсмеваш на другите луѓе
- Не мисли дека другите се грижат за тебе
- Не мисли дека можеш да ги научиш другите на нешто

2. Го усогласуваат семејниот и деловниот живот
Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 17 часот. Никој од нив не работи прекувремено. Во Шведска, одредени компании донеле закон според кој работат шест часа дневно, а се` со цел за поголема продуктивност и среќа на вработените. Семејствата често одат во парк, се занимаваат со спорт, патуваат со своите деца и така го одржуваат здравиот однос дури и кога децата ќе пораснат и ќе се осамостојат.

3. Семејството се сака со целото срце
Во Данска постои еден прекрасен израз кој значи собир на семејството и пријателите во домашна атмосфера - hygge.
Седење покрај огнот за време на студените ноќи со своите најблиски е нешто што сите со задоволство го практикуваат. Hygge значи поддршка, солидарност, удобност во кругот на најмилите луѓе.

4. Реални очекувања
Мелани Рајдах во книгата "Happy as a Dane", ја опишала самата срж на среќните Скандинавци. Една од најголемите тајни на среќниот живот се реалните очекувања. Тоа не значи дека Скандинавците не сонуваат за постигнување големи цели и дека не тежнеат кон нив. Едноставно, семејството и пријателите им се основа за успех и поддршка.

Скандинавците се трудат да не се споредуваат со други луѓе бидејќи тоа не предизвикува задоволство. Нивниот совет е: Престани да се споредуваш со другите и уживај во своите достигнувања, уживај во тоа што го имаш!