Промовирани огласи »

БУГАРИТЕ ЕКСПРЕСНО ЌЕ ГИ „ЗАТЕГНАТ“ УСЛОВИТЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО: Што ќе прават 10.000 Македонци?

Ќе останат ли Македонците и без пари и без пасоши?

Министерката за правда, Цецка Цачева најави дека под итно,  до крајот на годинава,  ќе има промени во законот за издавање бугарски државјанста за да се избегнат ваквите малверзации во иднина.

Работната група работи на промена на Законот за бугарско државјанство.

Алармот е кренат уште на пролет кога  францускиот печат пишуваше за голема малверзација и продажба на европски пасоши во Бугарија. Медиумите пренесуваат дека со овие пари наводно се финасирало бугарското ВМРО на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов. Инаку за  последните десет години над 115.000 лица добиле бугарско државјанство со вакви уверенија за потекло. Најбројни баратели се македонските граѓани. Податоците на бугарското Министерство за правда покажуваат дека за една година барање за државјанство поднеле 10 000 Македонци. 

Во соседна Бугарија, подигнато е обвинение за фалисфикување документи за бугарски пасоши.

Обвинение е поднесено против претседателот на Државната агенција за Бугари во странство, Петар Харалампиев. Се товари дека како шеф на организирана криминална група заедно со уште 20 лица земале мито за издавање на бугарски пасоши на лица кои не ги исполнувале условите. Меѓу обвинетите е и генералниот секретар на Агенцијата.

Неделно се издавале околу 40 сертификати.

Групата организирала издавање на документи за бугарско потекло, без лицата реално да ги исполнуваат условите. Со овие сертификати луѓето имале олеснета процедурата за добивање на бугарско државјанство во Министерството за правда.

Истрагата утврдила дека целата постапка се одвивала преку посредници во градовите Ќустендил и Плевен, кои контактирале со граѓаните на Молдавија, Украина и Македонија кои плаќале по 5000 евра за да добијат лажни сертификати за бугарско потекло.  Во акцијата полицијата одзела пет компјутери со официјални информации, како и документи.

Катја Матева, поранешен претседател на Одделот за државјанство во бугарското Министерството за правда изјавила дека околу 60 барања за државјанство се одбиени, откако Интерпол ги предупредил дека против апликантите има распишано потерници.

Полицијата уапси 22 лица осомничени дека фалсификувале документи со кои Македонци, Украинци и Молдавци ваделе бугарски пасоши, пренесуваат бугарските медиуми.

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд вели дека комисијата подготвува извештај за измами во многу земји-членки кога станува збор за доделување на државјанства на инвеститори, односно за т.н. „златни пасоши”.

фото Дневник.бг

Промовирани огласи »

Кафе дружба со над 500 идни економисти

Кафе дружба со над 500 идни економисти

Денеска во холот на Економски факултет имавме чест да се дружиме со над 500 студенти. 

На забавен начин и со топло кафе студеднтите се запознаа одблизу со тимот на KARIERA.mk.

Целта на настанот беше да ги информираме студентите дека KARIERA.mk им овозможува бесплатни обуки од факултетите со кои што соработуваме, за тоа како да направат добро CV, мотивационо писмо и како во најдобро светло да се претстават на своето прво интервју за работа.

На овој начин се трудиме идните генерации да бидат поспремни да се соочат со предизвиците на пазарот на трудот.

Нашата мисија е да им помогнеме да изградат кариера поврзувајќи ги со многубројните компании со кои KARIERA.mk соработува.

Како благодарност за нивното одвоено време им дадовме можност да се приклучат во нашата наградна игра, која се одвида преку #karieramk, #бидимиколешка, #бидимиколега, на социјалните мрежи.

Ова е само почеток. Следете не на @KARIERA.mk за идните настани.

Промовирани огласи »

Сè уште ќе си тераме со летно и зимско сметање на времето

Сепак нема укинување на летното и зимско сметање на времето.

Европската унија ниту во 2019 година нема да биде во можност да го укине поместувањето на стрелките на часовникот, поради неколку членки кои не се подготвени за тоа, истакна денеска автсрискиот министер за сообраќај Норберт Хофер.

Тој ги повика на неформалниот состанок во Грац, своите колеги од повеќе земји во ЕУ, за да расправаат за укинување на поместувањето на часовниците двапати годишно, напролет и наесен.

Австрискиот министер, чија земја моментално преседава со ЕУ, истакна дека би било добро да се избегнат различните временски зони внатре во ЕУ. Според Хофер „најважно е да се најде компромис со мнозинството земји, бидејќи многу од членките на Унијата се резервирани кога се работи за промена на системот на сметање на времето, но и околу тоа кога тоа би се спровело“.

Во септември претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер најави план следната година да се прекине со поместување на европските часовници, откако милиони луѓе во анкетата се изјаснија „за“.

Промовирани огласи »

ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Со бензин и дизел ќе полните резервоари по овие цени

Сакате верувајте, сакате не - горивата поевтинија!

По неколку неделни поскапувања на нафтените деривати, од ноќеска на полноќ паднаа цените на бензинот и дизелот.

Имено цената на Еуросупер БС-98, се намалува за 3,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар додека пак Еуросупер БС-95 се намалува за 3 денари.

Регулаторната комисија за енергетика реши да ги намали цените така што возачите од денес резервоари со Еуросупер БС-98 ќе точат за 73 ден/литар, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71,50 ден/литар, а дизелот по цена од 67,50 ден/литар.

 56,50 ден/литар ќе изнесува Екстра лесното масло за домаќинство.

Oвие цени ќе важат во следните две недели.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »