Промовирани огласи »

Колкава пензија би имале ако штедите наместо да уплаќате придонеси?

Колку пари би имале по завршувањето на работниот стаж ако целиот работен век наместо да уплаќате придонес за пензиско осигурување можевте парите да ги тргате настрана, на банкарска сметка?

Колку пари би имале по завршувањето на работниот стаж ако целиот работен век наместо да уплаќате придонес за пензиско осигурување можевте парите да ги тргате настрана, на банкарска сметка? Иако, оваа опција е невозможна бидејќи не постои варијанта да се избегне уплатување на придонесите во Фондот за ПИОМ, сепак една ваква пресметка е добар показател за тоа кој губи, а кој добива со сегашниот пензиски систем и зошто е потребна финансиска инекција од државата за да се одржува неговата стабилност.

Моделот за исплата на нето плата е познат. Од бруто износот најпрво се одделува 18 отсто за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, па 7,3 отсто за здравствено осигурување, 1,2 отсто одат како придонеси за вработување и 0,5 отсто задополнителен придонес за задолжително осигурување во случај повреда или професионално заболување. На добиениот износ се пресметува 10 отсто персонален данок на доход. Остатокот е нето плата што се исплаќа на вработениот.

Еве едноставна пресметка ако нема обврска за задолжително пензиско осигурување и секој вработен да може да прави што сака со бруто платата, односно секој месец до крајот на работниот век на штедна книшка става еднаков износ на тој што треба да го уплатува во првиот и во вториот столб на пензиското осигурување.

Станува збор за месечен прилог од 6.358 денари (12 отсто за прв и 6 отсто за втор столб). Пресметката е направена врз основа на просечната бруто плата за јули 2018 година во износ од 35.322 денари и на годишно ниво овој износ изнесува 76.296 денари. За 30 години работен стаж просечен Македонец, според оваа пресметка, на име придонеси за пензија уплатува на државата севкупно 2.288.880 денари.

Ако претпоставиме дека ќе прима пензија 15 години, тогаш оваа сума поделена на 180 месеци дава месечна пензија од 12.716 денари. Овој износ е помал од просечната пензија во месец август оваа година од 14.146 денари. За да има просечна пензија е потроши вкупно 2.546.280 денари, односно ќе треба да зема пари и од другите, т.е. идните корисници на пензија.

Каква е пресметката ако просечниот работник парите ги штеди во банка наместо да ги дава во пензискиот фонд, односно секој месец износот од 6.358 денари да го става на орочено штедење со сложена каматна стапка од 2 отсто, односно на главнината секоја година да се додава каматата.

Под услов тоа да ги правел редовно, не пропуштајќи ниту еден месец во следните 30 години, по истекот на орочениот рок, просечниот Македонец на сметка ќе има 3.233.381 денари, значи 41 отсто повеќе од износот кој ќе го уплати во пензискиот фонд. Неговите просечни месечни примања за 15 години пензионерски стаж ќе изнесуваат 17.963 денари или 5.274 денари повеќе во споредба со пензијата што би ја примал од парите уплатени само од сопствените придонеси. Во споредба со просечната пензија, односно пензијата појачана со парите од другите корисници,  разликата е 3.817 денари или 27 отсто повеќе.

Намерата на овој текст не е да се поттикне укинување на задолжителното пензиско осигурување. Имено, многу тешко е да се контролира дека просечниот работник ќе уплаќа секој месец пари во банка, туку, рака на срце, многумина од нив ќе ги потрошат тие пари и на старост ќе станат социјални случаи. Затоа оваа пресметка е повеќе илустративна за да укаже на тоа како се трошат нашите придонеси и како би можеле да уживаме во поголеми пензии ако знаеме да се однесуваме одговорно со парите.

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Од први ноември стартува авионската линија Атина Скопје

По 10 години со авион од Скопје до Атина

Со летови два пати седмично, секој вторник и четврток, од први ноември Атина и Скопје авионски се поврзуваат, преку грчката „Aegean airlines“, јави дописничката на МИА од Атина, според потврдената информација од авио компанијата.

Распоредот на летови е од 1.11.2018 до 28.03.2019 бидејќи тоа е зимската програма на компанијата, а дополнително, ќе биде објавен и летниот распоред. На сајтот на „Aegean airlines“ веќе има можност за резервација на билети.

Според информациите на МИА од Атина, двете престолнини ќе ги поврзе авион на „Olympic air“, подружницата на „Aegean airlines“, а летовите ќе бидат со авион „Q400“ со капацитет од 78 патници.

Авионот, секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.

Во четврток, летот од грчката престолнина е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.

Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

Во октомври минатата година, грчката авиокомпанија „Aegean airlines“ на прес конференција соопшти дека во 2018 ќе се воведен директен лет Скопје Атина, а македонската престолнина беше една од новите 11 дестинации.

Македонската и грчката престолнина повторно ќе се поврзат по повеќе од 10 години пауза.

Од 2003 година, неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, што беше прекинато, а бизнис заедниците од Македонија и Грција минатата година бараа одново да се воведе лет.

„Aegean airlines“ веќе лета речиси во сите главни градови во земјите од поранешна Југославија, но и во некои помали, но туристички дестинации.

Промената на името на скопскиот аеродром беше првиот и клучен чекор за да се отвори патот за воздушно поврзување на Скопје и Атина.

Во интервју за МИА, пред 2 месеци, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во чија надлежност беше повторното авио поврзување на Скопје и Атина, рече дека тоа многу брзо ќе биде реалност.

Промовирани огласи »

Производителите и дистрибутерите на системот за топлинска енергија во Скопје се подготвени од 1 октомври да ја почнат грејната сезона доколку продолжат ниските температури, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. 

Со правилата за снабдување со топлинска енергија е предвидено грејната  сезона да започне од 15 октомври. Доколку има намалување на температурите најрано што може да започне е 1 октомври. Добивме известување дека доколку темературите се под 12 степени целзиусови производителите и дистрибутеритена топлинска енергија сеподготвени грејната сезона да ја почнат од понеделник, изјави Бислимовски.

Нагласи дека грејната сезона не може да почне во септември, бидејќи тоа е наведено во правилникот, а и со прерано започнување на сезоната и со невообичаени режими на топланите, нагласи, непотребно ќе се зголемат нивните трошоци што подоцна ќе се изрази врз крајната цена што треба да ја платат потрошувачите.

Домовите се се уште загреани заради топлото време во изминатиов период и нема реална потреба да започне грејната сезона во септември, бидејќи би биле единствена таква земја во регионот. На крајот сите трошоци кои во необичаени  режими нар абота се даелеку повисоки од вообичаените ќе треба  да ги платат граѓаните преку зголемување на цената за топлинска енергија, рече Бислимовски.

Во наредниот период, како што потенцира, ќе се прават нови правила за снабдување со топлинска енергија и ќе се разгледа можноста грејната сезона да може да отпочне дури и пред 1 октомври, но пред се, додаде, ќе мора да го со гледаме финансиското влијание што ќе го има врз вкупните трошоци за работење.  

Повикот од БЕГ граѓаните да ги проверат системите за греење во домот и да ги пријават евентуалните дефекти во инсталацијата, Бислимовски го оцени како добар и вообичаен.

БЕГ сега има посебна служба која работи на отстранување на дефектите кај граѓаните со цел на почетокот на грејната сезона да не се соочиме со пукање на вентили кои подоцна ќе направат значително поголеми трошоци кај домаќинствата, рече Бислимовски. 

Промовирани огласи »

Со диплома, но без искуство: Младите не прифаќаат плата од 500 евра!

Откако ќе стекнат со факултетска диплома, а сè уште немаат работно искуство малдите на прашањето колкава плата очекуваат, сметаат дека ќе заработуваат околу 30.000 денари.

Откако ќе стекнат со факултетска диплома, а сè уште немаат работно искуство малдите на прашањето колкава плата очекуваат, сметаат дека ќе заработуваат околу 30.000 денари.

Некои од нив се додека не почнат активно да бараат работа и да одат на интервјуа, имаат нереални очекувања за висината на платата.  Велат дека според  стандардот во Македонија, плата колку просечната ќе биде доволна за еден млад човек.  

„Јас сум студент на Економски факултет во Скопје. По завршување на факултетот се здобивам со титула дипломиран економист со кој ми се отвараат врати кон успешно вработување во тој сектор. Во зависност од работното место варира и личниот дохот за оваа позиција. Таа најчесто се движи од 20 000 денари. Како што веќе споменав во зависност од работното место“ – вели Ангелина.Б. студент.

Девојка која студира веб дизјан вели дека има млади луѓе кои се способни иако се почетници,  но праксата е потребна.

„Не треба да биде платата помалку од 30 илјади денари. Секој почетник колку и да учел не може да има многу  знаење се додека тоа не го примени во пракса, но некако кај нас работодавеците ја немаат таа практика. Во странство, е повеќе платена“ – вели таа.

-Сметам дека малдите треба да бидат свесни за тоа каде живеат и колкава плата може да земаат. Не ми е јасно како може млад човек со 0 денови работно искуство да очекува 500 евра плата? Претеруваат па дали знаете колку изнесува просечната плата на една шивачка во текстилната индустрија? На касиерки кои во паузите мора да бидат и чистачки и редачи на роба? Секој денар треба да се цени, малдите треба да сфатат дека до 500 евра плата да се стигне треба да се потрудат, вели Цветанка.

-Мојот син заврши Машински факултет, работеше во неколку фрми.На последното работно место работеше хонорарно, му се отвори можност да замине кај својот другар во Германија.Во моментов работи во маркет, и чека подобра прилика за да си најде работа од својата струка, вели, Василка.

-Мизерни се платите, навистина не знам што очекуваат работодавачите, само ги искористуваат малдите, сметам дека моето дете е подобро да седи дома отколку да се мача да работи за 200 или 300евра, магистар е, за џабе ли учеше, треба да се цени и дипломата, вели Сања од Радишани.

Според податоците на Заводот за статистика за невработеноста кај младите се загрижувачки.

Невработеноста е по најголема кај младите од од 15 до 24 години возраст и изнесува 46,7 отсто. Токму оваа група е најприсутна по кафулињата. Според статистичките податоци, вкупно работоспособно население во земјава е 56,8 отсто.

Стапката на вработеност е 44,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 21,9 отсто.

Невработеноста кај младите во Македонија е речиси двојно повисока од останатите и таа достига околу 40%. Од друга страна пак и неактивноста кај младите лица е значително повисока. Поголема невработеност има кај лица со завршено средно образование, споредено со лица со завршено високо образование.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »