Од денес, 11.02.2017, започнаа февруарските обуки „Како да најдам работа во Македонија“. По големиот интерес во јануари, KARIERA.mk ги продолжува обуките и во февруари.
На обуките главен акцент е ставен на следниве теми:
- Како да го уредите вашето професионално CV
- Како да напишете мотивациско писмо
- Како да се однесувате на интервјуто за работа
- Како да пребарувате работни позиции во Македонија
Голема предност на обуките е што се изведуваат во мали групи до 6 учесници, овозможена е дебата за време на обуките, како и практична работа на компјутер. Секој од учесниците добива Сертификат за завршување на обуката и прирачник со клучните елементи.
Доколку сте заинтересирани побрзајте и аплицирајте на [email protected].

