Промовирани огласи »

Скопје е најевтин главен град за туристи во Европа

Меѓу информациите објавени на сајтот, има интересни податоци како на пример : кафето во Скопје е поскапо од кафето во Рим..

Сајтот „Вoндеру“ направи листа за туристите, со спoредба на трошоци врзани со хотели, такси, јавен превоз, храна, пијалоци, кафе и влезници во музеи. Ги рангираше главните градови во Европа, од најекономични до најскапи, користејќи специјална методологија, базирана на просечните навики за трошење на туристите кога посетуваат ново место .

Генерално, земјите во Источна Европа имаат најдобро цени за туристите. Има историски и научни атракции, и разновиден ноќен живот. На другата страна од скалата, се Северна и Западна Европа со висок трошок на живеење, но и можности за уникатни искуства.

Иако главниот град на Македонија, Скопје, е најевтин главен град во регионот и во Европа, сепак трошоците за храна, пијалок и за влезници во музеите се повисоки од трошоците во Анкара, Приштина и во Киев, пишува на „Вондеру“.

Меѓу информациите објавени на сајтот, има интересни податоци како на пример : кафето во Скопје е поскапо од кафето во Рим, едно пиво на Исланд чини колку шест во Скопје, една вечера во ресторан во Монако чини колку шест вечери во Скопје.

Иако Брисел не е баш најевтин, сепак е град во Западна Европа кој туристите може најмногу да си го дозволат, а најскап е Монте Карло.

Во Северна Европа, наjевтин град е Вилнус во Литванија, а најскап Рејкјавик во Исланд. Во Централна Европа најевтин град е Братислава, а Виена е најскап.

Киев е најскап град во Источна Европа, а Скопје најевтин. Во Јужна Европа, Никозија (Кипар) е најевтин град, а Валета (Малта) најскап.

Во Европа, Скопје има најевтини хотели, а по него се Подгорица, Приштина, Ереван и Минск, додека пак најскапите хотели се во Монте Карло, Рејкјавик, Даблин, Амстердам и Лондон.

Москва има најевтин такси превоз, а Лондон најскап. Кишинев во Молдавија е прв на листата со евтин јавен транспорт, а Вадуц во Лихтенштајн со најскап.

Пивото е најевтино во Баку, а најскапо во Рејкјавик, кафето е најевтино во Киев, а најскапо во Копенхаген.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Владата на рати им ги зголемува платите на воспитувачките

На воспитувачките и на останатиот персонал во детските градинки низ Македонија ќе им бидат зголемени платите, овој пат за пет отсто. Ова е второ зголемување за една година, откако лани ова време им беше зголемена за „ситни“ два отсто.

Владата на Република Македонија на седница ја разгледа и усвои Информација за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца-детски градинки во 2018 година.

Тоа значи дека на воспитувачките и на останатиот персонал во детските градинки низ Македонија ќе им бидат зголемени платите, овој пат за пет отсто. Ова е второ зголемување за една година, откако лани ова време им беше зголемена за „ситни“ два отсто.

Во моментов воспитувачките на државните детски градинки добиваат бруто-плата од околу 15.000 денари.

Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика, почнувајќи од месец септември 2018 година, да ги изврши подготовките за исплата на плата која ќе биде исплатена во месец октомври 2018 година, линеарно зголемена за 5% на коефициентите кои се во примена и да го реализира зголемувањето на платите за вработените во детските градинки согласно обезбедените средства во Буџетот за 2018 година, беше објавено по владината седница.

Со оваа мерка на Владата на Република Македонија ќе бидат опфатени повеќе од 4200 вработени во предшколското воспитување.

Промовирани огласи »

Фото: Како изгледаат новите банкноти од 100 и 200 евра?

Нов изглед на банкнотите од 100 и 200 евра

Новата верзија на банкнотата од 100 и 200 евра се заштитени од фалсификување и се помали димензии, со што ќе биде полесно да се ставаат во паричникот и ташната.

Банкнтите имаат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите.

Големината на банкнотите е еднаква со онаа од 50 евра.

Банконотите ќе бидат пуштени во оптек на 28 мај следната година.

Промовирани огласи »

Во Германија ќе се вози со македонски возачки дозволи

Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе мож

Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.

Таквата можност  е предвидена со Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи, што ќе ја потпишат денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Македонската Влада на 26 јуни годинава ја усвои декларацијата со која се отвора патот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија, откако по преговорите меѓу надлежните министерства во мај годинава беше  усогласен нејзиниот текст. 

Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината).

Со стапувањето во сила на декларацијата за реципрочното признавање на возачките дозволи во двете земји, сите граѓани на Македонија кои живееат или престојуваат во Сојузна република Германија веќе ќе нема потреба да полагаат теоретски и практичен тест, да посетуваат преглед за вид, и да ги поминуваат сите потребни процедури, информираа од Владата на РМ.

Македонските државјани во Германија сега со македонска возачка дозвола смеат да возат само во првите шест месеци од пристигнувањето. Потоа треба да полагаат за возачка дозвола, а цената е околу 1.500 евра.

Република Македонија досега има потпишувано договор за признавање на возачките со седум држави и тоа со Шпанија, Италија, Србија, Албанија Црна Гора, БиХ и Австрија. Во тек е склучување вакви билатерални договори со Косово, Турција, Германија, Велика Британија.Врз основа на поднесена апликација за признавање на македонска национална возачка дозвола, во тек е постапка со Австралија и Нов Зеланд

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »