Поместување на стрелките на часовникот за последен пат ќе има во март 2019 година, а потоа секоја земја-членка на ЕУ ќе мора да одлучи дали ќе остане на летно или ќе се врати на зимско сметање на времето.

Ова го наведоа од Европската комисија.
Последното задолжително поместување на часот на летно сметање ќе биде во недела, на 31 март 2019 година.
Секоја членка до април 2019 година би требало да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето.
Во анкетата на Европската комисија учествуваа 4,6 милиони луѓе и повеќето од нив се изјаснија против поместувањето на стрелките на часовникот.
Членките кои сакаат да се вратат на зимско сметање на времето може да направат уште едно, последно полугодишно поместување, во недела, на 27 октомври 2019 година.
По тој датум, полугодишните промени веќе нема да бидат возможни.