Промовирани огласи »

Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест

Македонецот годишно јаде околу килограм сладолед

Еден македонски граѓанин годишно консумира околу 0,85 килограми сладолед. Статистиката покажува дека во минатата година едно домаќинство во Македонија просечно купувало и трошело по 3,4 килограми сладолед.

Податоците на Еуростат, пак, покажуваат дека жителите во ЕУ консумираат шест литри годишно.

Во Македонија годишното прозводство на сладолед изнесува 23.088 хектолитри.

Најголем производител во Европа е Германија со годишно производство од 517 милиони литри. На второ место е Италија со 511 милиони литри, трета е Франција со 466 милиони литри, Шпанија е четврта со 319 милиони литри, а Велика Британија со 288 литри е на петто место.

Промовирани огласи »

Воведе криптовалута и тоа му е најголемата грешка

Стигнаа и критиките

За да ја спаси земјата од хиперинфлација, венецуелскиот претседател, Николас Мадуро воведе кроптовалута петро и ја прогласи за национална валута. 

Од 20 месецов земјата ќе има две валути. Боливар и петро ќе имаат иста вредност. 

Со залихите на нафта се гарантира стабилноста на петро. 

Тоа е нешто слично како што другите валути се потпираат на златото. 

Нафтената индустрија ќе мора да користи петро, и оваа валута ќе биде врзана со боливарот. 

Вредноста на двете валути ќе ја одреди Централната банка. 

Но, медиумите веќе ја критикуваат оваа криптовалута и тврдат дека таа не се потпира на нафтата. 

Промовирани огласи »

Се менува законот: Царината ќе може да ни ги блокира сметките

Царината ќе може да блокира трансакциски сметки на граѓани за царински долг.

Царинската управа на Република Македонија со најавените измени на Законот за банки, ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице, кое има одреден царински долг.

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски појасни дека досега постапката се вршела преку УЈП, бидејќи немало законски основ да побараат блокирање на сметката директно во банка.

Со измените што се бараат во Законот за банки Царинската управа не бара увид во трансикциските сметки на физичките лица, туку едноставно Царинската управа бара да постапи согласно својата надлежност според Царинскиот закон да изврши присилна наплата кон физички лица кои имаат одреден долг кон царинската права, изјави денеска Танасоски.

Тој додаде дека и досега процесуирале барања до банките, но оти добивале одговор дека нема законски основ по кој може да се изврши блокирање на сметката на физичкото лице.

Царинската управа не бара да има увид во трансакциската сметка на граѓаните, туку она што досега го правеше преку УЈП да врши блокирање на сметката, односно наплата на царинските давачки да го прави самата, појасни директорот.

Во моментов според податоците на Царината има околу 100 физички лица со царински долг од два милиони денари за кои би требало да се побара од банките блокирање на трансакциските сметки.

Тагови: царина

Промовирани огласи »

Заев смирува: УЈП ќе прави увид само во приходите на граѓаните

УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги наплати даноците, смирува премиерот Зоран Заев. Тој вели дека граѓаните не треба да стравуваат оти институциите ќе имаат увид во тоа како и каде ги трошат парите, бидејќи Управата ќе врши увид само во приходите.

Нема да се прави увид во одливот на средства од сметките, туку само во приходите и тоа е исклучиво за наплата на даноците. Онаму каде што има најмногу приходи, наплатата на даноците е најмала. Апелирам до граѓаните да немаат никакви стравови, ова е само начин УЈП да си ги наплати даноците, рече премиерот Заев.

УЈП ќе има увид и во парите што дијаспората ги испраќа во Македонија, но премиерот Заев тврди дека тие пари нема да се даночат.

Се даночи приходот како заработка. Она што како помош на семејствата или донација им стигнува од странство на сметките не се даночи. Ќе се даночи приходот што на сметките стигнува како заработка за завршена работа, објасни премиерот Заев.

УЈП ќе добие електронски пристап до банкарските сметки на граѓаните со измена на Законот за банките, која е во подготовка. Против измената на Законот се изјасни Македонската асоцијација на банките укажувајќи дека со увидот се навлегува во приватноста на граѓаните, нема заштитата на личните податоци и се губи банкарската тајна.

Премиерот Заев, пак, и денес повтори дека законот е европски и дека увидот во банкарските сметки е пракса во многу европски држави.

Тагови: УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »