Билјана Крстиќ која има 47 години во родниот град Ниш не можела да најде работа затоа што работодавците сметале дека е стара, но во Словачка успеала, пишува bizlife.

Таму се покажала како добар работник, и добила понуда трајно да остане и да работи.
Таа се вработила во градот Нитра, благодарение на тоа што во Словачка е потребна работна сила. Крстиќ се вработила во фабрика за телевизори.
Оваа жена вели дека е најважно да се избере сериозна агенција, затоа што има и агенции кои ги измамуваат работниците така што им земаат пари.
„Не е лесно да се стои на нозе и да се работи по 12 часа, но месечно заработував по пристојни 800 до 850 евра, и тоа е плата за која во Србија можам само да сонувам. Во Ниш мајсторите ги плаќаат 30 евра, а надвор работат на сонце и дожд“ - додава Крстиќ.
Kога одлучила да замине надвор, најважно за неа било да има легален договор за работа затоа што во Србија имала искуство да работи на „црно“, па дури и да не биде исплатена.
„Секој не може да издржи напор. Се станува во 4 и во 5 часот наутро, мора да се биде пред хотел од каде ве земе автобус и ве вози до фабриката“ - вели Крстиќ.
Смета дека со работата во Словачка ќе го „фати последниот воз“ за да добие пензија. Се распрашала и вели дека со 5 години работа во оваа земја може да земе пензија од 200 евра.
Средува документи за синот и за сопругот, но не за да останат во Словачка, туку да заработат доволно за пристоен живот во Србија и да отворат некој бизнис.