Промовирани огласи »

Утре неработен ден, а наскоро уште еден - неработни денови до крај на 2018

Утрешниот ден Илинден - 2 август е неработен

Илинден, 2 август, утрешниот ден е неработен.

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6ти јануари, Денот на независноста на 8ми септември и Св. Климент Охридски на 8ми декември.

Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ

• 02 август (четврток), Ден на Републиката

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Во Македонија се зголемил бројот на работници во индустријата

Раст на бројот на работници, кои сектори повлекоа зголемување?

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на работници во индустријата се зголемил во земјава. 

Индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни  2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 107.3.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 107.5.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година,  бележи пораст од 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8.1 %, а во секторот Снабдување со 
електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни  2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за  22.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %, опаѓање бележи кај Енергија за 0.7 % и кај Tрајни 
производи за широка потрошувачка за 1.3 %.

Ако се вратиме еден месец претходно, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај  2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 108.9. 

Промовирани огласи »

УЈП ќе презема вработени по Рамковен

Вработените по рамковен ќе се прераспределат во УЈП

Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за состојбата со правичната застапеност на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) на РМ, и ја задолжи УЈП да изготви План за подобрување на состојбата.

Од владината прес-служба информираат дека за подобрување на состојбата со правичната застапеност на вработените во УЈП треба да се изврши преку превземање на одреден број на вработени од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор во согласност со квалификациите и донесената одлука на Владата. Исто така, ќе треба да се изготви и акциски план за да се спроведе подобрување на правичната застапеност на вработените. 

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Професиите кои го зголемуваат ризикот од рак

Прочитајте кои се тие професии?

Работата е составен дел од нашиот секојдневен живот. Секој работи да за да се издржи, без разлика дали работи за себе или за работодавач.

Добро познат факт е дека работата носи стрес. Дури и ако ја практикуваме работата од соништата која ни носи задоволство и успех, стресот е таму, бидејќи со текот на времето се соочуваме со различни проблеми и тешкотии.

Сепак, некои професии се покажуваат како помалку здрави од другите затоа што се поврзани со зголемен ризик од рак.

Кои се тие?

Стјуард / Стјуардеса

Оваа професија е интересна и профитабилна. Многу млади луѓе стануваат дел од екипажот на авиокомпаниите, бидејќи се привлечени од можностите за патување низ целиот свет. Сепак, како стјуардеса / стјуард, постои зголемен ризик за развој на рак, затоа што многу се поминува многу време на небото.

Таму радијацијата е неколку пати повисока од онаа на површината на Земјата, која го става на ризик човечкиот организам.

Според истражувањето објавено во списанието Enviornmental Health, екипажот најчесто страда од рак на дојка, матката, грлото на матката, тироидната жлезда, дебелото црево, желудникот, црниот дроб, панкреасот.

Пилот на авион

За пилотите на авиои, ризиците се слични со оние на екипажот на кабината.

Заварувач

Заварувачите топат метали секој ден. Овој процес бара навистина висока температура. При втечнување на металите се испуштаат отровни гасови и испарувања, кои можат да предизвикаат разни видови на рак, најчесто на белите дробови, бубрезите, меланом, рак на очите, вклучувајќи респираторни проблеми.

Секоја професија која бара да седите на биро

Независно од тоа што правите, седењето на маса автоматски го зголемува ризикот од рак и предвремена смрт.

Според германските истражувачи, продолженото седење води до 24% поголем ризик од рак на дебелото црево и 32% поголем ризик од рак на матката.

Маникир / фризер

Козметичарие и фризерите се изложени на токсични хемикалии секој ден. Покрај тоа, тие вдишуваатчестички на човечка коса кои се лепат на белите дробови. Отровните хемикалии со кои работат, го зголемуваат ризикот од белите дробови, мозокот, матката, грлото на матката, јајниците, ракот на дојката.

Фармер

Фармерите, исто така, спаѓаат во ризичната група на потенцијални пациенти со рак формиран во различни органи, бидејќи се изложени на пестициди и други агрохемикалии штетни за здравјето.

Пожарникар

Отровните гасови ослободени од согорување на различни материјали во случај на пожар ги ставаат под ризик пожарникарите. Вдишувањето на дури мали количини на токсичен чад го отежнува развојот на рак на белите дробови, но не само тоа.

Работник во ноќна смена

Ако ви даваат чести ноќни часови, треба да размислите за вашето здравје. Една студија од Технолошкиот универзитет во Масачусетс покажа дека работата во смени, вклучувајќи чести активности во ноќните часови, го зголемува ризикот од појава на различни видови на рак до 14%.

Рудар

Рударството е тешка професија и физички и ментално. Во овој вид на работа луѓето се предмет на сите видови опасности – колапси, лизгање на земјиште, експлозии, отровни пареи, токсични метали. Ризикот од рак е значително повисок отколку кај другите занимања.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »