Промовирани огласи »

Од вкупно 17.739 лица кои побарале бугарско джавјанство  периодот од мај 2017 до  мај 2018 година, дури 10 000 се Македонци.

Оваа бројка од собраниската говорница ја објави министерката за правда Цецка Цачева, одговарајки на критиките на опозицијата која бара нови правила во  пасошката политика.  Социјалистите бараат гаранции лицата кои ќе добијат  бугарски пасош да ги плакаат даноците и останатите  давачки со што ќе покажат дека се лојални герагани на новата татковина.

Освен од Македонија, голем дел од барателите на бугарските пасоши  се од  Украина, Албанија , Србија и Молдавија. 

Министерката за правда Цачев соопшто дека за една година  биле  одобрени  9.848 апликации, а одбиени се 895.

Промовирани огласи »

БЕГ - Снабдување со топлина на повеќе од половина од потрошувачите или 62 проценти, ќе им испрати пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, соопштуваат од компанијата.

Висината на порамнителните сметки, појаснуваат оттаму, е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од измереното количество на испорачана топлинска енергија до самиот објект.

Иако изминатата грејна сезона траеше шест дена подолго од вообичаеното, сепак, повисоките просечни надворешни температури во текот на минатата зима ја намалија испораката на топлинска енергија во централниот систем за топлинска енергија во Скопје. Помалото количество на испорачана топлинска енегија до потрошувачите од прогнозираната ќе биде нивелирана во сметките за мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување помеѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија, наведуваат во соопштението.

Потрошувачите, во текот на целата година, во своите сметки добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија. Ако при порамнувањето, велат од БЕГ, се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерење на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

Во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени. Бројот на живородените деца во 2017-та во споредба со претходната година, е намален за 5,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број живородени деца, 51,3 отсто се машки, а 48,7 женски. Најголем број раѓања (1.953) се регистрирани во месец јули. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,7 отсто се мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 28,9 години, а при првите раѓања 27,2 години. Во 2017 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.534 деца или 11,6 отсто од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.

Промовирани огласи »

Возачи од ЈСП заминуваат на работа во Малта

За два месеца 16 возачи доброволно заминуваат од ЈСП на работа во Малта

Сѐ повеќе и повеќе Македонци заминуваат на работа во други земји, а Малта последниве две години стана интересна дестинација за сите многумина, кои можат да заработат многу повеќе отколку во земјава.

По келнерите, готвачите и другите трговско-угостителски работници, својата среќа за подобра заработка во оваа земја на Европската Унија, ја побараа и голем број возачи од нашето јавно сообраќајно претпријатие „Скопје“. Во медиумите се спомнуваа најавени 28 откази на возачи, а од ЈСП сега ни тврдат дека во изминативе два месеца 16 возачи дале доброволен отказ со образложение дека заминуваат да работат во Малта.

Од претпријатието додаваат дека годинава планираат да вработат 80 возачи, независно од заминувањето на оние што дале откази. Вработувањето на дополнителниот број возачи, велат, е поради зголемениот обем на работа поради веќе планираното зголемување на возниот парк на ЈСП.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »