Промовирани огласи »

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година

Утврден е пописот

Пописот на населението во Република Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА изразува жалење што беше неуспешен пописот во 2011 година и оти тоа како институција ќе го носат како товар.

Бидејќи одбележуваме 73 години од постоењето на Државна статистика во РМ со големо жалење можам да констатирам дека она по што бевме можеби и најпознати во државата – спроведување на попис, ние во 2011 година не успеавме да го направиме. Сеедно кои биле причините и какви биле причините, овој срам ќе си го носиме уште долго време. Се надевам дека со спроведување на новиот попис ќе успееме да докажеме дека, сепак, сме кадарна институција да направиме едно вакво статистичко истражување и дека најмалку до нас била причината за неспроведување на пописот, иако како институција имаме голема заслуга за тоа што не се спровел. Таа вина мораме да си ја признаеме. Таа вина беше поради тоа што дозволивме или ги отворивме ширум портите за влегување на политиката во пописот. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, барем додека сум јас тука и тврдам дека тоа нема да се случи. Може ќе има обиди секакви, меѓутоа ќе истраеме такво нешто да не дозволиме, туку да биде тоа што треба да биде – статистичка операција и ништо повеќе, вели во интервјуто Симовски.

Новина покрај комбинираното прибирање на податоците, во пописот ќе биде и тоа што нема да се користат хартиени прашалници, туку пописот на терен ќе се спроведува со користење лап-топ.

Потенцира дека е важно што на ваков начин за многу пократко време ќе ги добиеме конечните податоци, наместо да се чека година и пол до две.

Промовирани огласи »

Бројот на новороденчиња помал од бројот на умрени: Македонското население полека исчезнува

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени деца.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018  година, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени  деца.

Повеќето општини се во негатива, а оние населени места кои претходно имаа добар прираст сега почнуваат со стагнација. 

Населените места во Македонија се ситнат со население. 

253 е природниот прираст во Скопје, - 22 во Берово, - 134 во Битола, - 3 во Богданци,  26 во Боговиње, 1 во Босилово, 6 во Брвеница, -20 во Валандово, -1 во Василево, -5 во Вевчани, -28 во Велес, 2 во Виница, -14 во Врапчиште, -17 во Гевгелија, 35 во Гостивар, 2 во Градско. 

Понатаму, природниот прираст во Дебар е 5, во Дебарца -13, Делечво -23, -14 во Демир Капија, -32 во Демир Хисар, -9 во Дојран, 10 во Долнени, 42 во Желино, 8 во Зелениково, Зрновци 0, -3 во Илинден, -11 во Јегуновце, -23 во Кавадарци, -11 Карбинци, -54 во Кичево, 0 во Конче, -34 во Кочани, -22 во Кратово, -26 во Крива Паланка, -13 во Кривогаштани, -3 во Крушево, -38 во Куманово, 33 во Липково, -9 во Лозово, -1 во Маврово Ростуша, -7 во Македонска Каменица, 0 во Македонски Брод, -15 во Могила, -10 во Неготино, 2 во Новаци, -38 во Ново Село, -14 во Охрид, 7 Петровец. 

Во Пехчево е -5, во Пласница -3, -110 во Прилеп, -20 во Пробиштип, 8 во Радовиш, -10 во Ранковце, -44 во Ресен, 1 во Росоман, -15 во Свети Николе, 19 во Сопиште, -7 Старо Нагоричане, 8 во Струга, 41 во Струмица, 76 во Студеничани, 16 во Теарце, 54 во Тетово, 6 во Центар Жупа, Чашка 22, Чешиново - Облешево -12, Чучер Сандево 31, -41 во Штип

Промовирани огласи »

Патот Приштина-Скопје претпладнево ќе биде пуштен за сообраќај

Приштина-Скопје претпладнево ќе биде пуштен за сообраќај.

Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај најави дека претпладнево, околу 9:00 часот, ќе биде отворен за сообраќај патот Приштина-Скопје, кој поради градежни работи беше затворен на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ.

Тврдам дека утре во 9:00 часот патот ќе биде пуштен во сообраќај и мислам дека ги завршивме сите работи во предвидениот рок, ја пренесе КТВ синоќа изјавата на Лекај.

Патот меѓу Приштина и Скопје, во сегментот Качаник-Гнерал Јанковиќ, е затворен за сообраќај од 8 мај, заради расчистување на неколку места на кои често има одрони кои го отежнуваа сообраќајот на овој магистрален пат кој води до границата со Македонија.

Првично беше предвиено реконструкцијата на овој патен правец да трае еден месец, но жестоките реакции на месното население, посебно на она од Генерал Јанковиќ, кое беше речиси во изолација, придонесе Владата да ги забрза работите, ангажирајќи по две смени на трасата, и тие да завршат порано од првично предвидениот рок.

Промовирани огласи »

Македонија на 41 место на листата на најдобро рангирани пасоши

На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија „Хенли енд Партнерс“ Македонија се наоѓа на 41 место бидејќи Македонците можат да патуваат во 125 држави без виза

На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија „Хенли енд Партнерс“ Македонија се наоѓа на 41 место бидејќи Македонците можат да патуваат во 125 држави без виза.

На прво место од листата на која се наоѓаат 100 држави е Јапонија, бидејќи нејзините граѓани можат да патуваат без виза во 189 од 218 држави, додека најлошо рангирани се пасошите на Ирак и на Авганистан. На Ирачаните и на Авганистанците не им е потребна виза само за 30 држави.

На второ место се пасошите на Германија и на Сингапур, чии граѓани без виза можат да патуваат во 188 држави, додека на трето место се наоѓаат Финска, Франциија, Италија, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска, чии државјани имаат слободен пристап во 187 земји.

Од регионот најдобро котираат пасошите на Хрватска и на Романија, кои се наоѓаат на 16 место. На Хрватите и на Романците не им е потребна виза за 187 држави.

Србија се наоѓа на 36 место, бидејќи Србите слободно можат да патуваат во 130 држави. Црна Гора е на 43 место, бидејќи со црногорскиот пасош може да се патува во 123 земји, Босна и Херцеговина го дели 47 место со Руската Федерација, бидејќи нивните граѓани без виза може да патуваат во 118 држави, додека Албанија се наоѓа на 48 место, на Албанците не им е потребна виза за 114 држави.

„Хенли енд Партнерс“ наведува дека во однос на минатата година најмногу напредувале Украина, Грузија и Кина, кои напредувале од 17 до 20 места на листата.

Рангирањето на пасошите е врз основа на тоа во колку земји граѓаните на одредена држава можат да патуваат без виза. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »