Промовирани огласи »

Се менува Законот за земање на кредит од банка

Се менува законот и целата постапка за земање на кредит од банка

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за кредитно биро чија цел е воведување извештај за кредитната способност на кредитобарателите.

Во согласност со Законот за кредитно биро, истакнуваат од Министерството за финансии, кредитното биро може да изготвува извештаи за состојбата на обврските на правни и физички лица, но не може да изготвува извештаи за нивната кредитна способност, што е вообичаена активност на кредитните бироа во меѓународни рамки, пишува порталот Академик.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро, по скратена постапка, е во собраниска процедура. Предлагач на Законот е Владата на РМ. Донесувањето на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро, се вели во законското образложение, е со цел воведување на извештај за кредитно рангирање на кредитобарателите. Овие измени ќе овозможат изготвување на поквалитетни извештаи за субјектите на податоци, а на тој начин и подобро управување со ризикот од страна на финансиските институции. Исто така, кредитобарателите ќе имаат јасна слика за својата финансиска состојба.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за кредитно биро се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на Законот.

Основни решенија на предложениот закон се:

  • кредитното биро ќе изготвува извештаи за кредитно рангирање на кредитобарателите;
  • кредитното биро ќе обезбедува и податоци од јавни книги и регистри и други јавно достапни податоци и
  • банка со седиште во Република Македонија, врз основа на договор склучен со кредитното биро, ќе издава извештаи на кредитното биро за субјекти на податоци.

Промовирани огласи »

Првичен сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија

Погледнете како ќе изгледаат новите банкноти од 10 и 50 денари

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност коишто се повлекуваат од оптек е токму материјалот којшто се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен од биаксијално ориентиран полипропилен.

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност коишто се повлекуваат од оптек е токму материјалот којшто се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен од биаксијално ориентиран полипропилен.

Заштитниот конец кај полимерните банкноти ќе се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“, додека кај книжните банкноти, тој е вткаен во хартијата и под дејство на светлина се гледа како непрекината линија со јасно испишан текст „НБРМ“.

Како заштитни знаци, овие полимерни банкноти, меѓу другото ќе содржат и микротекст видлив само со лупа, двоен пасер и скриена слика, а ќе имаат и УВ-својства.

На нив ќе има и ознака во вид на издигнати точки за распознавање на различните апоени од страна на лицата со оштетен вид.

Од денот на пуштање во оптек на полимерните банкноти со апоенска вредност од 10 и 50 денари – 15 мај, книжните банкноти со истата апоенска вредност престануваат да бидат законско средство за плаќање.

Промовирани огласи »

Несогласувања во Владата: Десковска не се согласува за вакцините

Министерството за образование против Министерството за здравство

Ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем и вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште, порачуваат од Министерството за образование. 


Од кабинетот на министерката Рената Десковска им порачаа на здравствените власти да најдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација. 



Во Уставот на Република Македонија, е наведено дека основното образование е задолжително. Ова значи дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем. Потребни се мерки и кампањи од едукативен карактер за придобивките од вакцинацијата, советувања за родителите кои не ги вакцинираат своите деца, но и санкции, велат од Министерството за образование. 

Промовирани огласи »

Од 1-ви мај во УЈП само со закажување

Од 1 мај

Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти.

Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk.

Од Управата за јавни приходи информираат дека овој нов начин се воведува со цел подобрување на даночните услуги, намалување на времето на чекање и на метежите на даночните шалтери, навремена услуга и точен одговор за даночните обврзници.

Услугата „Закажи средба“ овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП - Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа добивање на општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување на даноци, постапки за наплата на долгови, правни прашања и консултација за други специфични прашања, појаснуваат од УЈП.

Доколку даночните обврзници не се во можност да присуствуваат на закажаниот термин, ќе треба да ја откажат средбата или да презакажат друг термин.

Тагови: УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »