Промовирани огласи »

Во Скопје ќе никнат нови облакодери: Зградите „Џеваир“ нема да бидат најголеми во Скопје, ќе никнат и поголеми!

Планирана изградба на облакодери до неверојатни 62 ката во Скопје!

Во урбанистичките планови на градот можат да се најдат десетина маркички за згради меѓу 12 и 62 ката – пишува порталот Скопјеинфо.мк

Па така четирите згради на Џеваир во Аеродром нема да бидат највисоки кули во градот.

Идејата за изградба на облакодери на паркинг просторот спроти хотелот „Холидеј Ин“ повторно се актуелизираше пред неколку години.

Турскиот инвеститор „Окан Јатарм“ сакаше да гради седум висококатници на оваа атрактивна локација во строгиот центар на Скопје.

Самото градежно земјиште се наоѓа во мешовита сопственост, дел од парцелите се во државна сопственост, додека преостанатите локации ги поседуваат приватни лица. Од друга страна, идејата на турскиот инвеститор не завршуваше тука, па така тој би сакал да добие во своја сопственост и дел од земјиштето во Ново маало. – информираат од Скопјеинфо.мк

Водено на местото на Скопски саем ќе се изгради голем трговски центар и повеќе деловно-станбени објекти. Во тек е и зградбата на грандиозен комплекс и тунел кај трговскиот центар Рамстор.

Промовирани огласи »

Став на Сугаревски за цената на патарините

Што изјавил министерот за српските медиуми

Патарината на автопатите низ Македонија ќе остен иста во претстојната летна сезона, изјави при минатонеделната посета на Белград министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски на медиумско прашање што ги интересирало српските туристи кои патуваат кон Грција.

Во моментов од Србија кон Грција се плаќа околу 100 денари на три патарини, а Сугаревски информирал дека за 15 дена ќе биде отворена за сообрачај и последната делница на автопатот низ Македонија дел од Коридорот 10 а тоа е Демир Капија-Смоквица долга 28 километри. 

Како што вчера информираше директорот на Агенцијата за патишта Зоран Китанов на оваа автопатска делница предвидени се две патарини, една кај Гевгелија, другата кај Демир Капија. Патарините се во фаза на изградба, а се очекува да бидат готови за осум до десет месеци. Тоа значи дека до крајот на годината на новиот автопат ќе се вози без да се плати патарина. 

Промовирани огласи »

Видео: Најбогатиот албански бизнисмен ќе гради мини-град во Скопје

Мини-град во центарот на Скопје

Бизнисменот Самир Мане, кој се смета за најбогатиот Албанец на Балканот, најави изградба на мини-град во Македонија. Тој планира овој град да го изгради на местото на Скопски саем, откако неговата компанија го доби тендерот за негово рушење и реализација на огромен објект во кој ќе бидат вклучени хотели, станбени објекти и трговски центар, пренесуваат медиумите на албански јазик.

Ќе почнеме да градиме град, но не во Албанија. Тоа е еден мини-град во Скопје, инвестиција од околу 300 милиони евра. Градот содржи 1.400 стана, голем трговски центар и четири кули со канцеларии. Овој проект ќе го почнеме во мај. Се вика „Смарт сити“ и многу брзо ќе биде присутен во Македонија – изјави Мане на гостувањето во емисија емитувана на албанската телевизија „Клан“.

Тој истакна дека ова ќе биде амбициозен проект во кој ќе бидат вклучени и Македонци и Албанци и кој ќе започне не подоцна од крајот на мај.

Мане е познат по тоа што го изгради „Скопје сити мол“ и потоа им го продаде на Британците. Тој е сопственик на корпорацијата „Балфин груп“, која се состои од 18 компании, присутна е во седум земји и има повеќе од 3.000 вработени.

Видео: Најбогатиот албански бизнисмен ќе гради мини-град во Скопје

Промовирани огласи »

По Демир-Капија Смоквица ќе се вози од следната недела, за почеток без патарини

По Демир Капија – Смоквица ќе се вози од следната недела, за почеток без патарини

На почетокот на следната недела се очекува да биде пуштена во употреба новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица и по тој дел од автопатот „Пријателство“ првично ќе се вози без плаќање патарина.

Засега нема нова официјална најава за пуштањето на патот освен претходната дека тоа ќе се случи по 15-ти месецов, а директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска најави дека деновиве ќе ги покани медиумите на таков настан.

За двете планирани наплатни станици на автопатот кај Гевгелија и кај Демир Капија, градежната дозвола е издадена пред три недели, а за завршување, како што изјави Китанов, се потребни околу осум месеци.

Во моментов се градат новите патарини кои нема да бидат како постоечките, на нив ќе нема никави застои, ќе бидат електронски, со припеид, со тагови. Ќе има патарини и на тој дел од автопатот, а цената се утврдува согласно Правилник, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој не кажа кога очекува да профункцираат патарините.

Неможе да се каже дека ќе биде бесплатно, патарините ќе си функционираат, за новиот дел на автопатот дозволата за градба е дадена пред неполн месец, па пресметајте, наведе Китанов.

Новите 28,2 километри автопат од Демир Капија до Смоквица ја чинат државата 270 милиони евра. Патот се пушта во употреба по шест години изградба и со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Новата автопатска делница се протега од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.

Новиот автопат има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Владата во октомври минатата година со анекс на договорот за изградба, го продлжи рокот за завршување на автопатот до февруари годинава, откако беше утврдено дека не е изграден контролен центар и не е дислоциран далекувод на автопатот. Тие активности веќе се завршени, а за пуштањето на автопатот беа направени и други законски измени.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) минатиот месец објави дека отвора истрага под име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Предметот, според СЈО, се однесува за фаворирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, иако подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Покрај тоа, во „Актор“ има сомненија и за перење пари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »