Промовирани огласи »

НОВ СЛУЧАЈ: Ослободени 200 работници „робови“ од фарма

Биле принудени да работат без плата.

Британската полиција денеска ослободи околу 200 мигранти од Литванија, Романија, Полска и Бугарија кои биле принудувани да работат без плата на фарма во областа Корнвол, во јужна Англија. 

„Робовите“ се ослободени при акција на полицијата во соработка со трудовата инспекција. Полицијата во акцијата уапси тројца мажи, од кои едниот е обвинет за раководење со групата, а другите двајца за организирање модерно ропство.

Мигрантите се пренесени во специјален прифатен центар, каде што им е пружена помош.

Ова не е прв ваков случај. Во изминативе години вакви злоупотреби на луѓе имаше во Мексико во фабрика, исто и во фабрика во Индија каде жртви беа деца. 

Во Бразил во 2010 година 44 луѓе се ослободени од плантажите со шеќерна трска. 

Продавањето на африкански мигранти во Триполи не беше изолиран случај затоа што повеќе од 40 милиони луѓе во светот, од кои четвртина се деца, моментално се робови, вели едно истражување од 2016-тата година.

Поимот модерно ропство се однесува на принудна работа, од која се опфатени 25 милиони луѓе. 

Промовирани огласи »

Трамп најави дека ќе ја укине Лотаријата за визи во САД

Трамп на Твитер најави укинување на лотаријата за визи

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека е време да се укине американската лотарија за добивање Зелена карта.

Време е да завршиме со лотаријата за визите. Конгресот мора да обезбеди имиграциски систем и да ги заштити Американците, напиша Трамп на Твитер.

Познатата „Лотарија за визи“ се одржува со години во САД и беше шанса за многумина од целиот свет да добијат американска зелена карта.

Промовирани огласи »

Обезбедени средства за вработување на 20 сестри на детска хематологија

На Детска клиника 20 нови медицински сестри со договор на дело

Министерот за здравство, Венко Филипче ја образложи одлуката од пред три дена за трансферот на децата со сериозни болести, од одделот за хематологија, во другите оддели, поради недостиг на медицински сестри.

За решавање на проблемот во хематолошкиот оддел, Филипче рече дека се обезбедени средства за вработување на 20 медицински сестри. Тој рече дека со Министерството за труд ја анализираат и идентификуваат бројката на невработени медицински сестри, кои ќе се распределат во клиники каде што има потреба.

Освен недостатокот на медицински сестри, Лекарската комора алармираше и за недостаток на лекари. Според нив, алармантна е бројката од 80% од дипломираните лекари на Факултетот за медицина, кои ја напуштија земјата.

Според податоците на Лекарската комора секоја година само на Медицинскиот факултет во Скопје дипломираат 220 лекари, додека 173 од нив ја напуштат земјата.

Обезбедени средства за вработување на 20 сестри на детска хематологија

Промовирани огласи »

Европскиот парламент го одобри укинувањето на сезонското сметање на времето

Нема веќе летно и зимско сметање на времето

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинувње на летното и зимско сметање на  времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници. Ова, сепак, не значи дека одлуката ќе стапи на сила бидејќи ќе се чека Европската комисија да ги преиспита предностите и недостатоците од евентуалната промена и да го даде последниот збор.

Од 1996 година граѓаните на земјите од ЕУ ги поместуваат часовниците за еден час нанапред во последната недела на март, и еден час наназад во последната недела од октомври.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците беше покренато од страна на Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Парламентарците кои се согласуваат со укинувањето, наведуваат дека истражувањата покажале дека една петтина од популацијата страда од здравствени проблеми поради зимското и летното сметање.

Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање веќе е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »