Советите за нашата кариера се менуваат како што и ние се менуваме. Како деца, ние сме охрабрени да сонуваме за нештата кои сакаме да ги постигнеме во нашиот живот. Растеме со идејата дека ќе го работиме она што сакаме.
Кога сме веќе возрасни, пораката почнува да се фокусира на како можеме да бидеме успешни. Оценките се мерливиот показател на нашата иднина и најчесто, сме советувани да бидеме практични, да пронајдеме добра работа и да останеме таму.
Успехот и развојот на себеси можат да се случат во исто време, но тие не се две исти нешта. Ако нашата дефиница за успех не е соодветна со она што ви е Вас најважно, на крајот ќе бидете разочарани. Ако сакате да изградете кариера околу она што ви е на Вас важно, прочитајте ги во продолжение трите совети кои многу ретко се слушаат, а се многу важни:
1. Седнете и разговарајте со вашите пријатели
Седнете со вашиот најдобар пријател и почнете да разговарате за тоа што го сакате, односно прашањето да биде „Што е она што го сакаш?“ - истото прашање 15 пати.

На почетокот, одговорите можат да бидат многу предвидливи, како материјални желби, патувања и слично, но од кога сите овие површински нешта ќе бидат искажани започнуваат на површина да излегуваат позначајните, подлабоките желби кои се не осмелувате со секого да ги споделите. Тоа се желбите кои ви се навистина важни и на кои сакате да потрошите време и ресурси и треба вашата енергија да ја насочите во тој правец.
2. Запомнете ги раскрсниците
Секој човек, во одреден период од животот бил принуден да направи избор. Многу од нив имале мало или немале воопшто никакво влијание врз вашиот сегашен живот. Но, некои од нив можно е да ве насочиле кон сосема нови насоки. Концентрирајте се на тој, еден период од вашиот живот. Идентификувајте ја раскрсницата во тогашниот ваш живот и размислете за причините кои влијаеле на вашата одлука. Како одлуките донесени тогаш помогнале во креацијата на она што се денес.

3. Прифатете ја историјата
Не се плашете од иднината, туку читајте од минатото. Минатото не е за да се живее таму, туку повремено да се посетува. Да се гледа назад, за многу луѓе е чувствителна тема. Постојат среќни моменти, но и несреќни.
Од вашето минато може само да научите лекции без да обвинувате други луѓе. Она што може да го направите е да се сетите на секое лице кое влијаело на донесувањето на одлука која ви влијае на сегашниот живот и дали истата може да биде променета. Ако не се развивате, целиот живот може да се претвори во постојано повторување на минатото.
