Кога веќе имате испратено огромен број на CV-a за слободни работни места и сте биле интервјуирани исто толку пати, добивањето на понуда за работа се чини како конечна награда. Но само бидејќи некој ви нуди работа не значи дека е потребно да ја прифатите.
Интервјуто не само што помага на вашиот потенцијален претпоставен да ве запознае, исто така е можност за Вие да ја запознаете компанијата, тимот и работната позиција. Одлуката за работата е најдобро да ја донесете по завршувањето на интервјуто, за да размислете подобро околу дадените и добиените одговори. Во продолжение, прочитајте некои важни прашања кои може да ги земете во предвид пред да дадете конечен одговор за работна понуда:
1. Што се очекува од мене најпрво?
Луѓето вообичаено, се многу возбудени за професионалната можност што ја добиваат што забораваат да ги прашат основните работи како што се „Кога започнувам со работа?“ или „Како ќе изгледаат моите први недели што се однесува до дневни задачи?“ Немојте да се срамите доколку сакате да добиете конкретен одговор за овој вид на спецификации. Вие всушност, му вршите услуга на вашиот претпоставен со превземањето иницијатива и поставувањето прашања за да се осигурате дали вашите очекувања од работата се во сооднос со реалноста.

2. Дали сум среќен/на со платата?
Доста често, прашањето за платата може да не се дискутира воопшто на интервјуот. Ако вашиот интервјуер и понатаму се обидува да го заобиколи ова прашање, можеби ќе е потребно директно да прашате колку ќе изнесува вашата плата. Исто така, ќе треба да препознаете дали има простор за преговарање. Еднаш кога ќе имате овие основни прашања одговорено, тогаш е време да одлучите дали сте задоволни со компензацијата. Ако не, нека оваа дискусија се одржи пред да го дадете конечното „да“ или „не“.

3. Дали сум задоволен/на со културата на компанијата?
Мали се шансите да влезете во вашата канцеларија или зграда и веднаш да почувствувате дали вработените се задоволни или не, но може да се добие идеја. Доколку е возможно, прошетајте за да видете што работат вашите соработници. Исто така, може да го прашате вашиот интервјуер за тоа дали компанијата вложува било каков труд за креирање добредојдена работна атмосфера.
4. Дали ова ме приближува до моите кариерни цели?
Лесно е да се внесеме во големи цифри на плати или пакети за бенефити, но никогаш не заборавате дека работата е само еден дел од градењето на вашата кариера. За да изградете нешто навистина големо, треба да работите кон вашата цел - не само да заработувате пари. Запрашајте се себеси: Дали оваа работа ми служи како скалило за мојата цел или ќе ме врати еден чекор назад?

5. Дали гледам можност за професионален раст?
На сличен начин, би требало да откриете дали постои можност за професионален раст во компанијата. Најдобриот начин за да се направи ова е прашајте за време на вашето интервју. Погледнете кои видови на работни можности се достапни и на кое ниво. Ова не само што ви дава подобро разбирање на тоа како можете да се движите во компанијата, туку и ви индицира дали моменталните вработени се среќни со работењето во компанијата.
6. Дали добро го прочитав мојот договор?
Пред да го потпишете договорот, осигурајте се дека знаете што е напишано во истиот. Многумина веруваат дека е само формална постапка, но ако нешто не ви се чини разбирливо во договорот, треба веднаш да го разјаснете.
