Промовирани огласи »

Дали сите обврски на работа треба да се завршат веднаш?

Што можеш да завршиш денес не оставај за утре - ВЕЌЕ НЕ ВАЖИ!

Обрвските нема да избегаат нигде, секако мора да ги завршиме. Сепак се чини дека старомодното се што можеш денес не оставај за утре веќе не важи.

Кога одолговлекувате некои ситници, сфаќате дека истите не мора да се завршат, бидејќи полека исчезнуваат или се решаваат сами по себе. Не мора да значи дека задачата мора да биде извршена само затоа што вие сте ја ставиле на листата на обврски.

Многу познати аналитичари советуваат да бидете реални во однос на вашето време

Клучот во успешното управување со времето лежи во балансот. Доколку сакате да постигнете сè одеднаш, тоа ќе резултира со две опции: или повеќето обврски ќе бидат само површно завршени или нема да постигнете заради тоа што брзо ќе се заморите. Затоа бидете реални во однос на вашето време и поставувајте си цели во однос на должината на денот, неделата или пак месецот.

На крајот запомнете дека е многу поважно се да биде завршено продуктивно и точно наместо површно и без фокус.

Промовирани огласи »

Цените на дизелашите следната година ќе паднат до 50 отсто – Еве зошто

Добра вест за сите кои сакаат да си купат дизел автомобил

Дизел автомобилите полека ќе се искоренуваат од патиштата низ светот, а зачетник на идејата е Германија која, како најмоќна сила во Европската унија, тргнала да се пресметува со загадувањето.

Така Судот во Штутгард одлучил да во престолнината на Мерцедес и Порше ги забрани дизелашите, и тоа од 1 јануари 2018 година.

Тогаш земјите во кои дизел автомобилите се дозволени би почнале со масовен увоз на такви возила, а меѓу нив е и Македонија. Според тврдењата, цените на автомобилите во Германија ќе паднат од Нова година – тоа по логика мора да се случи.

Германија ќе дава и субвенции за оние кои сакаат да се решат од дизел автомобилите.

Според некои пресметки, цените на дизелашите ќе паднат и до 50 отсто по Нова година, па истите ќе бидат подостапни за купување во земјите каде што ќе бидат дозволени.

Промовирани огласи »

6 привилегии на вработените во Apple

Кои привилегии ги уживаат вработените во Apple?

Уживањето на многу привилегии се чини дека е сосема секојдневно во светот на технолошките компании. Прочитајте за привилегиите кои ги уживаат вработените на Apple. 

  • Попуст на производите 

Вработените во Apple добиваат 25% попуст кога купуваат iPod, компјутер или iPad. На секои три години, вработените може да искористат попуст од 250$ при купувањето на iPad и 500$ попуст при купувањето на Mac. Софтверот на Apple e со 50% попуст. Компанјата исто така нуди и други попусти за фамилијата и пријателите на вработените, во зависност од продуктот. 

  • Отстуство од работа 

Apple им дозволува на мајките да искористат 4 недели платено отсуство пред породувањето и 14 недели потоа.  Вработените кои не се родители добиваат 6 недели на платен одмор. 

  • Грижа за креирање семејство 

Компанијата исто така ги покрива и трошоците доколку сакате да ги замрзнете вашите јајце клетки. 

  • Здравје

Компанијаа им овозможува 300$ платена членарина во теретана/фитнес клуб редовно. 

  • Храна и пијалоци

На вработените во Apple им е овозможено бесплатно пиво и предјадења, како и уживање во музиката на најпознатите светски пеачи. Стиви Вондер, Деми Ловато, OneRepublic - сите тие имале настап на полу-редовните настани. 

  • Нововработени

Нововработените во компанијата добиваат 12 дена на платено отсуство, кое со текот на времето се зголемува. 

Тагови: Apple

Промовирани огласи »

Како да им соопштиш на работа дека си бремена?

Имаш убава вест? Време е да ја споделиш со твојот претпоставен

Жените имаат една интересна задача откога ќе останат бремени - да ја објават убавата вест!

Освен на наблиските и на пријателите, вашите претпоставени и колегите исто така треба да бидат известени во најбрз можен рок. Најдобро е ако на претпоставените им кажете веднаш штом вашата бременост е потврдена со срцева реакција на бебето или околу можетокот на третиот месец.

Немојте да чекате сите да забележат дека нешто е чудно за да ви ги извлечат добрите вести од уста и без ваша волја за тоа. Не размислувајте за тоа дали ова е погоден момент за бременост или пак не, вашиот живот не е никако поврзан со обемот на работните задачи на работното место.

Јавете му се на претпоставениот и побарајте состанок со него на само. Откако ќе влезете во неговата канцеларија, седнете и со насмевка на лицето соопштете му ги убавите вести. Освен веста, најдобро ќе биде да подготвите листа на планови кои ќе опфакаат временски период до кога планирате да останете на работното место, вашата заложба во наредниот период или пак некои посебни барања за неаредните месеци кои можеби ќе ги имате.

Разговарајте за тоа кој ќе ве замени додека сте на породилно отсуство и дали на тој човек ќе му треба тренинг за обврските кои вие ги извршувате.

На овој начин ќе се спасите од повици на секои 3 часови во денот и ќе може да уживате со вашето малечко без да размислувате на вашето работно место. Впрочем секоја жена заслужува 9 месеци само за себе и своето најмило.

Убаво е да ги информирате и најблиските колеги за убавата вест. Доколку не сте блиски, тие секако ќе забележат по 5тиот месец и ќе се прилагодат на промените.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »