Промовирани огласи »

Работниците во Германија за пет години ја заработуваат хрватската пензија

Еве зошто сите сакаат да работат во Германија...

Само лани 56.000 хрватски граѓани се иселиле во Германија. 

За само пет години работник во Германија ќе заработи за пензија од 300 евра колку што се зема во Хрватска

Вечерњи лист пишува дека за таа пензија во Хрватска работникот мора да работи цел век. 

Германија има милион слободни работни места, а се бараат луѓе за  работа во трговија, услужен сектор, градежништво, преработувачка индустрија. 

Демографот Стјепан Штерц вели дека во ЕУ годишно фалат по пет милиони работници. 

Промовирани огласи »

Eвропска земја забрани објавување фотографии од деца на Фејсбук

Што го натера судот да донесе ваква забрана?

Нема повеќе објавување на фотографии од деца без согласност од двајцата родители. 

Италијанскиот суд забрани објавување на фотографии од деца на Фејсбук доколку еден од родителите е против. 

Старите фотографии мора да бидат повлечени од социјалната мрежа доколку некој од родителите тоа го побара. Италијанските власти предупредуваат дека иако фотографиите од децата може да изгледаат невино, сепак претставуваат опасност и може да бидат злоупотребени.

Одлуката на судот доаѓа откако разведен татко побарал неговата поранешна сопруга да не објавува фотографии од неговото дете на социјалните мрежи. 

Промовирани огласи »

Токио го доби првиот жител со вештачка интелигенција

Виртуелно дете станалo жител на Токио

Карактер дефиниран како вештачка интелигенција и официјално стана жител на Токио, со седиште во центарот на Токио. Именуван како „Shibuya Mirai“ одговара на профилот на седум годишно момче. 

И додека карактерот не постои физички, тој може да разговара со луѓето преку пораки преку апликацијата LINE. Mirai, чие име значи „иднина“ на Јапонски, се очекува да биде прво одделение во Основно училиште. 

Креаторот на овој карактер, во изјава дадена во соработка со Microsoft изјавил: „Неговите интереси се фотографирање и набљудување на луѓето. Тој сака и да разговара многу со луѓето и зборувајте за што и да е со него.“

Овие вести доаѓаат само по неколку недели од потегот на Саудиска Арабија кога на роботот Софија и беше доделено државјанство за прв пат во историјата. 

Промовирани огласи »

Црвена налепница и ограничување за возилата што најмногу загадуваат во Скопје

Нови правила за автомобилите во Скопје

Eконалепница во соодветна боја ќе добие секое возило според тоа колку го загадува воздухот и по потреба ќе се исклучува од сообраќај. Ова по средбата со градоначалниците од скопските општини и министерот за животна средина, Садула Дураку, го најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов рече дека Градот Скопје и Министерството за внатрешни работи подготвуваат законски измени со кои при технички преглед на возилата ќе се мери количеството и составот на издувните гасови што ги испуштаат и врз основа на тој параметар да добијат соодветна еколошка налепница во зависност колку учествуваат во загадување на воздухот. „Идејата е да се мапираат возилата во целата држава. Да добијат соодветна еконалепница, која ќе има соодветна боја, за да можам како градоначалник административно да забранам движење во одреден период на оние возила што најмногу загадуваат, на пример, оние со црвена налепница. Правиме анализа на категоризација на возилата според издувните гасови во согласност со правилата на Европската комисија“, рече Шилегов. Градоначалникот рече дека очекува до крајот на идната година да бидат мапирани и обележани сите возила.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »