Промовирани огласи »

Има ли поголема демотивација од револт на работно место?

Дали сметате дека вашиот директор бара премногу заплатата која ви ја дава?

Нема поголема демотивација од тоа дека работите прекувремено, за време на викенди иако ви е јасно наведено во работниот договор дека вашето работно време е 40 часови неделно од 9 до 5? Како ќе биде платен вашиот труд?

Или уште полошо како некој ќе ви го надокнади вашиот ден од животот кој никогаш повеќе нема да се врати назад? 

Дали работите на ладно, без основни услови за работа? Дали можеби веќе ви е јавено дека ќе треба да го вратите вашиот заслужен k-15 на крајот од оваа година во кеш откога имагинарно ќе ви го префрлат на сметка? Дали пред некое време ве прашаа кога планирате да создадете семејство пред да го потпишете вашиот нов работен договор?

За жал нашето општество се наведнува под ваквите директори и срамежливо клима со главата иако е нанесена голема не правда. Имате ли претстава колку енергија и насмевки ви се одземени заради нечие богатење на вапиот грб? 

Ваквите прашања се повеќе продираат во психата на младите вработени во големи фирми во нашата држава и создаваат револт и проблеми во личниот живот. 

KARIERA.mk го објавува овој краток блог испровоциран од некои случувања за да ја покрене самодовербата кај вработените и им создаде херојски став со кој можат да ги одбранат своите права пред своите директори. 
Сметаме дека е доволно климање со главата пред некои работи кои долго ги премолчувавте. 

На крајот животот е толку краток некој да ви се насмевме и да ви го уништи денот за миг! Посветете се на своето тело, на своето здравје, на своите деца, на својот сакан, на најблиските и дигнете го гласот за работите кои ве прават несреќни!

Промовирани огласи »

Како настанала идејата за Amazon.com?

Неверојатна приказна од идеја за продавање книги до светски магнат

Приказната за тоа како настана АМАЗОН, една од најголемите платформи за онлајн продажба. 

Погледнете ја неверојатната приказна од идеја за продавање книги до светски магнат:

Тагови: Amazon

Промовирани огласи »

Која е рутината на богатите луѓе?

Сабота е, испијте кафе и почнете од почеток со поинакво размислување

Сте се запрашале ли кои се рутините на богатите луѓе? Ккао тие успеале да станат тоа што се денес? Сабота е, испијте кафе и почнете од почеток со поинакво размислување за вашите навики и што сакате да постигнете во вашиот живот.

Промовирани огласи »

Лицето на кралицата на банкнотите низ светот

На колку банкноти од светот се појавува лицето на британската кралица и како изгледа на нив?

Тимот на KARIERA.mk споделува интересно видео за тоа на колку банкноти низ светот се појавува лицето на британската кралица и како изгледа таа на нив.
Интересна компилација од лицето на оваа моќна жена од различни периоди од нејзиниот живот:

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »