Бети Лиу, новинар во inc.com, направила анкета за прашањето „Дали секој може да биде претприемач?“. Анкетата ја извршила така што прашањето го поставила на 10 многу успешни преприемачи за тоа какво е нивното мислење поврзано со ова прашање.
„Иако целиот мој живот бев новинар, отсекогаш знаев дека сакам да започнам нешто свое“ - вели Бети.
Во првите години од кога влегов во новинарството, ја канализирав неуморната енергија преку постојано хонорарно пишување и тоа резултираше со пишување мои книги. Кога конечно собрав храброст, ја концентрирав цела таа енергија во креирање на тоа што е денес Radiate. Иако Radiate постои само 18 месеци, неговите корени беа поставени многу порано. Отсекогаш сонував да започнам свој бизнис, единствено не бев сигурна дали ја имам самодовербата за тоа.

Резултатите покажале дека вештините кои се потребни за да си новинар се многу слични со оние потребни за да се стане претприемач. Треба да знаете како да ги искажувате вашите идеи ефективно и како да комуницирате ефикасно. Потребно е да знаете да градите врски и односи од доверба. Треба да сте раскажувач на приказни. И последно, потребно е да знаете што вашите корисници сакаат, да сакате да вршите истражувања и да бидете темелни во собирањето информации.
Ова доведува до прашањето - дали претприемачите се родени или може да бидат создадени? Дали некои од тие вештини човек ги поседува или може да ги научи во текот на животот со многу труд? За да добие одговори на овие прашања, Бети прашала неколку од експертите и успешните претприемачи.
Кевин Рајан, претприемачот кој стои позади креациите како Business Insider, MongoDB и Gil Groupe вели: „Јас мислам дека луѓето се грижат премногу за тоа дали се родени претприемачи или не, секој може да биде тоа“.
Бред Кејвел, претприемачот кој го креираше Groupon го изјавил следново: „Сметам дека претприемништвото единствено се учи преку искуство. Навистина е тешко да се научи целата филозофија на преприемништвото во училница или од книга“.
За разлика од нив, неколку од успешните претприемачи не се согласиле со овие изјави.

Мелани Хабсон, Претседател на Ariel Investments, го дал ова мислење: „Мое мислење е дека си роден како претприемач. Постојат некои нешта кои ги учиш на патот за да станеш подобар претприемач, но сметам дека треба да имаш основа за да бидеш претприемач за да бидеш добар претприемач. Многу ситуации се непредвидливи доста често и таа личност мора да биде удобна со тоа, а не мислам дека некој може да го научиш да се справува со непредвидливата природа на тоа да се биде претприемач“.
„Некој кој сака да работи за себе, кој е проактивен, кој започнува од себе и кој е нестрплив да чека работите да се случат за него/неа, ова се луѓето кои на некој начин, се родени претприемачи“ - вели Сузан Лин, Претседател на BBG Ventures.
Последната изјава ја дал Гери Вејнерчак, Генералниот директор на VaynerMedia, кој има креирано и инвестирано во неколку успени бизниси: „ Постои огромно недоразбирање за претприемништвото. Мал број на луѓе кои всушност може да создадат свој бизнис кој ќе им ги одржува нивните животи и затоа сметам дека има едно недоразбирање за претприемништвото како целина. Мислам дека сите мислат дека може да направат и заработат милион долари годишно само затоа што имаат некоја голема идеја, а всушност фактите се дека кога гледаш наназад во последната деценија на сите овие претприемачи, со сите деца и сите апликации, ќе има многу мал процент на луѓе кои навистина го изградиле својот бизнис и успеале да заработат пари од него“.