Промовирани огласи »

KARIERA.mk најавува настан - Rewriting the Sales Playbook Selling Without Selling

KARIERA.mk настан - ексклузивна работилница посветена на светот на продажбата, која ќе се одржи на 15-ти мај во CoWork 21Скопје!

🚀 KARIERA.mk со особена чест ви ја најавува престојната ексклузивна работилница посветена на светот на продажбата, која ќе се одржи на 15-ти мај во CoWork 21 Скопје!

Овојпат, наш специјален гостин и предавач е извонредната Suzanne Pazit Geva – интернационален експерт за продажба и лидерство, која зад себе има импресивно портфолио на соработка со светски гиганти како VISA, Orange, Chanel, TUI, како и бројни компании од сферите на е-commerce, retail, криптовалути и онлајн казино индустријата.

Со повеќе од дваесет години искуство во водење на продажни операции, развој на тимови и градење високоефикасни стратегии, Suzanne ќе ни ги открие тајните на високо ефективната продажба во новата дигитална ера, со посебен фокус  на пристап ориентиран кон одлични резултати, градење доверба со клиентите и долгорочен бизнис раст.

Што ве очекува?

  • Актуелни трендови во продажбата за 2025 година
  • Стратегии за ефективна комуникација и преговарање
  • Изградба на тимови што инспирираат и постигнуваат
  • Пристапи за навигација низ продажни предизвици во брзорастечки индустрии

Оваа работилница е наменета за сите професионалци вклучени во продажбата, без разлика дали доаѓаат од стартап светот, корпоративен амбиент, е-commerce или услужен сектор.

🎟Early Bird влезниците веќе во продажба до 05.05.2025!

Повеќе информации на📞 078 262 370 

За влезници на фактура слободно контактирајте не на 📩[email protected]

📍 Локација: CoWork 21, Skopje
📆 Датум: 15 мај 2025

Обезбедете си место на време и бидете дел од ова инспиративно искуство што може да ја трансформира вашата продажна стратегија!

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Еврото е најсилно во однос на доларот од 2021 година

Еврото е најсилно во однос на доларот од 2021 година

Еврото продолжи да расте во однос на американскиот долар, забележувајќи пораст од 1,23% на вредност од 1,1500 долари, што е највисока вредност на евото во однос на доларот од ноември 2021 година. Овој тренд ја одразува продлабочената економска неизвесност и различните геополитички фактори кои влијаат на глобалните финансиски пазари.

Помеѓу факторите кои ја поттикнуваат оваа промена е и зголемената трговска напнатост помеѓу САД и Кина. Ова предизвикува страв од продолжена економска нестабилност, која би можела да го погоди американскиот пазар и да го воведе во рецесија, што пак има влијание на вредноста на доларот.

Трговските напнатости помеѓу двете најголеми светски економии – САД и Кина – продолжуваат да бидат еден од клучните фактори за глобалната економска нестабилност. Овие тензии не само што ги вознемируваат инвеститорите, туку и создаваат стравувања дека американската економија може да се соочи со сериозни проблеми во следните месеци, што ги доведува во прашање перспективите за долгорочен раст на доларот.

Во текот на 2025 година, евото продолжи да се зајакнува во однос на доларот, особено во услови кога инвеститорите ја гледаат Европа како помалку загрозена од трговските конфликти во споредба со САД. Растот на евото од 1,19% во однос на доларот до 1,15073 долари, исто така, се должи на очекувањата дека Европската централна банка ќе ги задржи каматните стапки на стабилно ниво, додека Федералните резерви на САД можат да се соочат со проблеми поврзани со економската забавеност.

Додатно, мнозинството од инвеститорите и економистите се загрижени за можноста дека претстојните трговски мерки на САД против Кина може да предизвикаат сериозни последици на глобалните пазари, особено на азиските и европските економии. Во такви околности, евро продолжува да се зајакнува како сигурно убежиште за инвеститорите кои ја бараат стабилноста, што може да доведе до понатамошен пораст на вредноста на еврото на долгорочен план.

Тагови: долар евро Кина САД

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за внатрешна ревизија на јавните претпријатија основани од Град Скопје, Одделение за внатрешна ревизија на јавните претпријатија основани од Град Скопје, Сектор за внатрешна ревизија - Град Скопје

Самостоен референт - технички секретар на Градоначалникот и односи со јавност, Одделение за нормативно-правни работи и поддршка на Градоначалникот и Совет на Општината, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности - Општина Петровец

Самостоен референт за општи работи, Одделение за општи, правни работи и човечки ресурси, Сектор за општи, правни работи и човечки ресурси - Јавно претпријатие Комуналец - Битола

Самостоен референт за архивирање, Одделение за стручни и стручно - административни работи, Сектор за општи работи - Град Скопје

Виш соработник за протокол и подготовка на седници на Советот, Одделение за нормативно-правни работи, Сектор за нормативно-правни работи, администрирање со даноци и комунални такси, локален економски развој и јавни дејности - Општина Свети Николе

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СЕ ПЛАЌА ЗА СААТ РАБОТА ВО ЕВРОПА: Некаде саатнина достигнува и до 55 евра!

Погледнете каде е Хрватска, а каде Македонија на оваа скала.

Според новите податоци на Евростат за 2024 година, просечните трошоци за работна сила на час во Европската унија, вклучувајќи ги и државните придонеси, изнесуваат 33,5 евра. Овие трошоци варираат значително, од 10,6 евра во Бугарија до дури 55,2 евра во Луксембург, пишува Euronews.

Највисоките трошоци за работна сила се забележани во северната и западната делови од Европа, предводени од нордиските земји. Норвешка, Исланд и Данска, заедно со Белгија, Холандија, Австрија, Франција и Германија, бележат рекордни саатни плати кои надминуваат 40 евра. Специфично, во Норвешка и Исланд, трошоците за работна сила се над 50 евра на час.

Од друга страна, најниски трошоци за работна сила се веднаш очекувано забележани во источниот дел на ЕУ, како Бугарија, Романија и Унгарија. Хрватска, со саатница од 16,5 евра, се наоѓа на шестото место по најниски трошоци, додека јужноевропските земји како Италија, Шпанија, Португалија и Грција се на средината на скалата.

Тагови: Европска Унија Евростат

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »