Меѓународен ден на жената, 8-ми март – ден кога жените ќе добијат честитки, убави зборови и можеби некое цвеќе. Но, што се случува утре? Утре многу од нив повторно ќе се соочат со истите предизвици. Наместо само симболични гестови, она што навистина им треба се промени што ќе го подобрат нивниот живот, кариера и секојдневие.
💠 Сакаат мајчинството да не се гледа како „ризик“ за компанијата – туку како реалност што треба да се поддржи.
💠 Сакаат еднаков третман при вработување, без прашања за брак и деца!
💠 Сакаат да нема потреба од „женски“ и „машки“ обврски на работа – сите се способни за секакви задачи!
💠 Сакаат да не мора да се кријат кога имаат менструални болки – туку да имаат работна средина што ги разбира.
💠 Сакаат раководни позиции. Спремни се. Шансата треба да биде еднаква.
💠 Сакаат да не бидат осудувани и стереотипизирани според изгледот.
💠 Сакаат нивната вредност да зависи само од нив, не од нивната улога во животот на маж.
8-ми март не треба да биде само ден за подароци – туку потсетник дека борбата за еднаквост сè уште не е завршена. Убаво е да се честита празникот, но вистинскиот подарок ќе биде свет во кој ова нема да мора постојано да се бара.
.webp)
Тагови: 8ми март