Промовирани огласи »

Слабеење без диета? Овие овошја се вашето тајно оружје

Во потрага по природни и вкусни начини за слабеење, овошјето е еден од најдобрите избори.

Во потрага по природни и вкусни начини за слабеење, овошјето е еден од најдобрите избори. Богати со витамини, минерали и растителни влакна, некои овошја не само што го задоволуваат апетитот, туку и го поттикнуваат слабеењето. Еве пет овошја кои ќе ви помогнат да го постигнете посакуваното тело на здрав начин.

Ананас

Ананасот е богат со ензимот бромелаин, кој го поттикнува варењето и ја намалува надуеноста. Исто така има малку калории и многу вода, што го прави идеален за детоксикација и слабеење.

Јаболко

Јаболката содржат многу растителни влакна, особено пектин, кој дава чувство на ситост. Со само неколку калории, јаболкото е совршен избор за здрава ужинка.

Јагоди

Јагодите се нискокалорични, а богати со антиоксиданси и витамин Ц. Помагаат во регулирање на шеќерот во крвта и го забрзуваат метаболизмот.

Киви

Кивите се полни со витамин Ц, влакна и ензими кои го подобруваат варењето. Помага во чистење на цревата и го намалува чувството на глад.

Портокал

Портокалот има многу вода и влакна, што го прави одличен за хидратација и ситост. Го поттикнува варењето и го контролира апетитот.

Ако сакате да ослабете на природен и здрав начин, вклучете овошје во вашата дневна исхрана. Овие пет овошја не само што се вкусни, туку и вистински сојузници за подобра линија и подобро здравје.

Тагови: здрава храна здравје овошје слабеење диета

Промовирани огласи »

Женски остров во Финска: Влез за мажи не е дозволен

На малиот остров SuperShe, мажите не се дозволени – идејата е едноставна: простор каде жените можат да се одморат, поврзат и фокусираат на себе, далеку од секојдневниот притисок.

Островот „SuperShe“ во Финска е луксузно одморалиште наменето исклучиво за жени, лоцирано покрај брегот на Хелсинки. Основан од Кристина Рот, поранешна директорка во консултантската индустрија, островот има за цел да создаде простор каде жените можат да се обноват, поврзат и фокусираат на личен развој – без машки одвлекувања.

Идејата ѝ дошла на Рот откако забележала дека присуството на машки колеги често ја менува енергијата и динамиката за време на велнес ретрити. Таа сакала да создаде место каде жените ќе можат да се опуштат, да се поддржат меѓусебно и да се фокусираат на себеси, без притисок или машко присуство.

На SuperShe островот се нудат јога, медитација, храна од органски фарми, фитнес часови и искуства во природа. Островот е достапен само по покана – заинтересираните мора да аплицираат и да бидат одобрени пред да го посетат. Рот нагласува дека не станува збор за омраза кон мажите, туку за давање можност на жените да се наполнат и да изградат подлабока врска во фокусирана средина.

Претходно, Рот водела успешен бизнис, кој го продала пред да ја основа заедницата SuperShe, која започнала како глобална мрежа, а подоцна прераснала во реален простор за одмор.

Тагови: жени менаџери здравје ментално здравје

Промовирани огласи »

Вработување во НБРСМ, Hi-Tech Corp и Еурофарм!

Огласи за работа во НБРСМ, Hi-Tech Corp и Еурофарм!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

H&M е компанија водена од вредности која сака да го поведе патот кон поинклузивен свет. За нас, разновидноста и инклузијата се однесуваат на тоа кои сме ние и кои сакаме да бидеме. Придружете ни се во правењето стилот поодржлив, а модата поинклузивна. Во H&M, ве покануваме да бидете свои и ве предизвикуваме да растете и да направите разлика. Добредојдовте во H&M, каде што можете да бидете свои и повеќе.

Моментално вработува:

ВИЗУЕЛЕН АРАНЖЕР – ТЕТОВО
МЕНАЏЕР НА ОДДЕЛ - ТЕТОВО

Еурофарм модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА МАРКЕТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ - ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК, ЦВЕЌИЊА И РАСТЕНИЈА
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ - ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ
ЕКСПЕРТ ЗА HACCP
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ И ПРЕВОД
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Моментално вработува:

ИЗВРШИТЕЛ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - DIAMOND MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - БИТОЛА

Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни повеќеслојни плочки.

Моментално вработува:

ИНЖЕНЕР ВО ПРОЧИСТЕЛНА СТАНИЦА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

b watch 1920 нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ
АДМИНИСТРАТОР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во државна администрација!

Промовирани огласи »

За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Аеродром - младите најмалку ги почитуваат правилата

И министерот Тошковски излезе на терен. Најмногу возачите на мотори, скутери и електрични тротинети возат без соодветна заштитна опрема.

Изминатата вечер (24/25.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на терен на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за време на спроведувањето на засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”.

Сообраќајната контрола беше спроведена во периодот од 17.00 до 01.00 часот на територија на општина Аеродром во Скопје, при што акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 155 учесници во сообраќајот, од кои 51 санкција за возачи на мотоцикл. Од нив седум за возење мотоцикл без возачка дозвола, 25 санкции за возење без заштитна кацига, три мерки за возење мотоцикл без положен испит, осум санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија, две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак Стоп од полициски службеник, одземени се два мотоцикли поради истечена важност на сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци.

Тошковски посочи дека значителен дел од прекршителите се млади лица кои управуваат со мотори, скутери и електрични тротинети без соодветна заштитна опрема.

Во таа насока, важно е секој од нас, особено родителите, да биде свесен за одговорноста што ја има во поттикнување на безбедносна култура уште од најрана возраст, истакна Тошковски, упатувајќи апел до возачите на мотоцикл секогаш да носат заштитна кацига, при тоа додавајќи дека акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет, апелирајќи до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да придонесеме за побезбедни патишта. 

Тагови: МВР Панче Тошковски

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »