Промовирани огласи »

Битиќи: СДСМ поднесе закон за намалување на ДДВ за струја од 18% на 5% и укинување на ДДВ на храната

Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 4.9%, додека индексот на цените на мало пораснал за 5.2 отсто, изјави Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.

Животот во Северна Македонија станува сè поскап, а граѓаните сè потешко ги задоволуваат основните животни потреби. Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 4.9%, додека индексот на цените на мало пораснал за 5.2%, вели Фатмир Бииќи, пратеник на СДСМ.

Цените на основните прехранбени производи растат без контрола, а семејните буџети се под постојан притисок. Но тоа не е се, граѓаните веќе плаќаат и повисоки сметки за струја. Само во јануари тие се зголемија од 20% до 30%, што претставува уште еден тежок удар врз животниот стандард. Во овие услови, каде што растот на цените го надминува зголемувањато на приходи, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии, а за многумина, месечната плата веќе не е доволна ниту за најосновните трошоци. Наместо Владата да интервенира и да ја заузда кризата, гледаме незаинтересираност, одолговлекување и целосно отсуство на мерки што ќе ја заштитат куповната моќ. Денес, како одговорна опозиција, предлагаме конкретни законски измени кои ќе доведат до заштита и подобрување на животниот стандард. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој бараме намалување на данокот за електричната енергија од 18% на 5%, но и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5% на 0%. Со овие предлог-измени, бараме системска реализацијата на две од седумте економски мерки на СДСМ, посочува Битиќи.

Според него, намалувањето на ДДВ за електричната енергија ќе значи 13% пониски сметки, односно поевтина струја за над 600 илјади домаќинства.

За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари – износ што, наместо да оди во државниот буџет, ќе остане во семејните буџети. Додека пак, укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи ќе донесе до поевтинување на храната, односно намалување на цените на основните прехранбени производи за 5%. И покрај тоа што со месеци ветуваа мерки за намалување на цените, гледаме целосен дебакл на владините политики. Т.н. „антикризни празнични кошнички“ доживеаја фијаско! Најавеното замрзнување на маржите сè уште не е донесено! Додека Владата да реагира за цените на храната, граѓаните почнаа да плаќаат и повеќе за струја. Се формираше Министерство за енергетика, но минатата година тоа реализираше само 50% од планираните капитални инвестиции. Домашното производство на енергија не расте, што нè прави уште позависни од скап увоз. Во ноември, планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реално беа увезени 351,3 GWh. Истото се повтори во декември, кога планираниот увоз повторно беше 0 GWh, а се увезоа 425,7 GWh, истакна тој и додаде:

Она што Владата упорно одбива да го направи, СДСМ и коалицијата преземаат конкретни чекори да го спроведат. Со поднесувањето на овој Предлог-закон по скратена постапка, започнуваме процес за системска реализација на мерките што директно ќе го олеснат финансискиот товар на граѓаните. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за животниот стандард, ќе го поддржи овој предлог. Секое одолговлекување значи нов удар врз семејните буџети. Секој глас „ЗА“ ќе биде глас за реални, опипливи решенија. Владејачкото мнозинство досега ја претвори скратената постапка во своја омилена политичка алатка – кога треба да се протурка закон за вонинституционално договорени партиските шеми. Но, денес, за првпат, им се дава можност да ја искористат оваа брза трака за нешто што навистина ќе го почувствуваат сите граѓани – за пониски сметки за струја и поевтина храна.

Промовирани огласи »

Моќта на зборовите: Како лидерите мотивираат или демотивираат?

Откријте кои фрази инспирираат а кои демотивираат на работното место и како лидерските вештини можат да го трансформираат тимот.

Лидерството се дефинира преку јазикот што го користат лидерите во комуникацијата со својот тим. Наместо само плата и привилегии, вистинската мотивација на вработените доаѓа од чувството дека се ценети и слушнати. Со само 30% ангажирани вработени ширум светот, постои голем простор за подобрување, а клучен фактор во тоа е прецизниот и позитивен јазик што лидерите го користат за да создадат култура на доверба и продуктивност.

Демотивирачките фрази, како „Требаше да знаеш подобро“ или „Тоа не е во твојот опсег“, можат да ја намалат самодовербата на вработените и да ја поттикнат нивната несигурност. Од друга страна, мотивациски фрази, како „Јас верувам дека можеш да го направиш ова“ или „Твоите идеи се вредни“, создаваат продуктивна средина и ја зголемуваат иницијативата. Лидерскиот јазик треба да биде ориентиран кон решенија и поддршка, наместо критикување и ограничување.

За да се зајакне комуникацијата, лидерите треба да користат „ние“ наместо „јас“, да го трансформираат негативниот фидбек во конструктивни совети и да заменат неизвесноста со самодоверба. Наместо „Овој извештај не е доволно добар“, подобро е „Овој извештај има добри точки, а еве како може да го подобриме“. Преку намерно избирање на зборови, лидерите можат да преминат од обично управување кон трансформациско лидерство кое инспирира.

Тагови: работа работнички права

Промовирани огласи »

Ко-основачот на Alibaba, Џек Ма, меѓу врвните технолошки шефови на состанок со кинескиот лидер Си Џинпинг

Кинеските технолошки титани, меѓу кои и Џек Ма, се сретнаа со Си Џинпинг во Пекинг. Состанокот означува нова ера на поддршка за приватниот сектор по години строги регулативи.

Кинескиот лидер Си Џинпинг го пречека соосновачот на Alibaba, Џек Ма, и врвните извршни директори на технолошки компании во Пекинг на состанок кој укажува на можен повраток кон про-бизнис политики по долготрајната регулаторна акција.

Покрај Ма, на настанот присуствуваа и основачот на Huawei, Рен Женгфеи, извршниот директор на BYD, Ванг Чуанфу, извршниот директор на CATL, Зенг Јукун и извршниот директор на Xiaomi, Леи Џун, како што беше објавено од државната телевизија CCTV.

Оваа симпозија се одржа само неколку недели по успехот на кинескиот стартап DeepSeek, чиј модел за вештачка интелигенција привлече внимание на глобалниот пазар за својата ефикасност. Тој успех внесе нова надеж за кинескиот технолошки сектор, кој сè уште закрепнува од повеќегодишната регулаторна кампања.

Потеклото на оваа кампања датира од крајот на 2020 година, кога Ма остро ги критикуваше кинеските финансиски регулатори, што доведе до најширока регулаторна акција во историјата на корпоративен Кина. Неговото присуство на состанокот со Си укажува на тоа дека властите се подготвуваат да завршат со најстрогата регулаторна фаза.

Состанокот ја истакнува важноста на приватниот сектор кој учествува со над 60% во домашниот БДП и овозможува над 80% од вработувањата, што ја прави оваа поддршка особено значајна за економскиот раст и враќање на довербата на претприемачите.

Тагови: Alibaba

Промовирани огласи »

Лош воздух во Македонија – топ 3 најзагадени града!

Проверете кои македонски градови утрово имаат највисока концентрација на ПМ10 честички!

Според последните утрински мерења на загадувањето на воздухот во Македонија, Охрид е на врвот со концентрација на ПМ10 честички од 71. Помеѓу другите најзагадени градови се Гостивар со 56 и Битола со 53. Овие вредности спаѓаат во категоријата 'високи', но под прагот на многу високите вредности според нашата легислатива.

Не заостануваат многу ни Струмица и Кичево со 47 и 42 ПМ10 делови соодветно, додека останатите градови како Тетово, Гевгелија, и Скопје имаат пониски вредности, прикажувајќи умерено загадување. Иако денеска немаме алармантно високи вредности, потребно е да се следат препораките за заштита и намалување на изложеноста на загаден воздух.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 03ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

18µg/m3Ректорат
18µg/m3Центар
16µg/m3Гази Баба
13µg/m3Миладиновци
12µg/m3Карпош
11µg/m3Лисиче

Македонија

26µg/m3Битола
20µg/m3Кичево
18µg/m3Охрид
18µg/m3Гостивар
17µg/m3Кавадарци
16µg/m3Куманово
16µg/m3Струмица
15µg/m3Велес
12µg/m3Тетово
12µg/m3Гевгелија
9µg/m3Лазарополе
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »