Промовирани огласи »

Тошковски ќе воведе тестови за дрога, одземање возила, автоматско санкционирање на нерегистрираните

Тестови за дрога и трајно одземање на возилото – Тошковски за промените за спасување животи

Промени за спасување животи - ќе набавиме тестови за дрога за сообраќајната полиција, се разгледува можноста и за воведување мерка за трајно одземање на возило при најтешки услови на безобзирно возење.

Денеска на јавната расправа на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во своето обраќање на јавната расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ зборував за неколку измени во законската регулатива кои би требало да станат важечки дел од законодавството со цел заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот и ултимативно намалување на жртви во сообраќајни незгоди. 

Ревидирање на законските одредби кои ги регулираат сообраќајните прекршоци, конкретно сметам дека мора да го ревидираме членот 297а од Кривичниот законик кој се однесува на безобѕирно возење, односно јасно да се разграничи од постоечките одредби кои регулираат сообраќајни прекршоци во ЗБСП во делот на брзото возење и наместо алтернативно да се изрекувва парична казна, истата кумулативно да се изрекува со казна затвор. 

Проширување на можностите на системот „Безбеден град“ да препознава нерегистрирани возила. 

Набавка на тестови за дрога. Веќе сме во подготвителна фаза за набавка и на тестови за дрога, нешто што досега никогаш не било имплементирано, а според анализите, возењето под дејство на опојни дроги е исто толку опасно како и возењето под дејство на алкохол.

  • Одземање на возилото при најтешките случаи на безобѕирно возење. 
  • Инкриминирање на управување на моторно возило без положен возачки испит.
  • Дигитализација и целосно поврзување на МВР со судовите со цел полесна евиденција на изречените забрани за управување со моторно возило. 
  • Целосно имплементирање на системот „Безбеден град“ кој ќе гарантира дека санкциите се спроведуваат доследно и континуирано.
  • Аплицирање на промени кои ќе овозможат системот да овозможи ефективна контрола и строги санкции за рецидивистити, преку институционална вмреженост и ефикасна размена на податоци помеѓу институциите. Еден од поголемите проблеми што ги имаме во контекст на сообраќајната безбедност е огромниот расчекор помеѓу бројот на пријавени и осудени прекршители. Постојат бројни случаи каде луѓе кои сториле тешки кривични дела во сообраќајот поминуваат со минимални или дури и условни казни. Казните, колку и да се високи на хартија, не значат ништо ако тие не се изрекуваат, а уште помалку ако не се спроведуваат. Ние мораме да го разбиеме овој систем на компромиси и полуправда, односно неправда.

Сакам да истакнам дека нашата одговорност не завршува со оваа расправа. Ова не смее да биде уште еден случај што ќе предизвика бурни реакции, а потоа ќе биде заборавен. Одлуките што ќе ги донесеме сега ќе бидат пресудни за тоа дали ќе изградиме општество во кое владее ред и закон или ќе продолжиме да живееме во средина каде што беззаконието и неказнивоста стануваат норма.

Имаме можност што не смееме да ја пропуштиме, можност да направиме вистинска промена – промена што ќе спаси животи, што ќе донесе правда и што ќе обезбеди систем што ќе функционира за сите граѓани, подеднакво.

Промовирани огласи »

Вработување во Нептун, Гранит, А1 Македонија!

Огласи за работа во Нептун, Гранит, А1 Македонија!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА

МЕНАЏЕР ЗА Б2Б ПРОДАЖБА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

Моментално вработува:

МЕХАНИЧАР-МОТОРИСТ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА И ГРАДЕЖНИ МАШИНИ
БРАВАР ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА И ГРАДЕЖНИ МАШИНИ
РАКУВАЧ НА БЕТОНСКА ПУМПА

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот ZIA кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 6 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат, East Gate Mall, Приземје, Skopje City Mall 1 спрат и Битола Широк Сокак.

Моментално вработува:

ПРОДАЖБА - ЛОКАЦИЈА CITY MALL / ЛЕПТОКАРИЈА

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРИЧАР (М/Ж)
АГЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ (М/Ж)
ЕКСПЕРТ ЗА ОПРЕМА ЗА КАФЕ (М/Ж)

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - ШТИП И СВЕТИ НИКОЛЕ (М/Ж)

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Моментално вработува:

ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ
РЕФЕРЕНТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Како успешно да преговарате за посакуваната плата?

Ако компанијата не е подготвена да ја понуди платата што ја барате и не нуди никакви дополнителни бенефиции, можеби треба да размислите за други можности.

Преговарањето за плата може да биде предизвикувачки, но со добра подготовка и стратегија можете да го добиете она што го заслужувате.

Еве неколку чекори за успешни преговори:

1. Истражете ја просечната плата за вашата позиција

Пред да започнете со преговори, дознајте колку се плаќа за слични позиции во вашата индустрија и регион. Можете да користите:

  • Портали за вработување (како KARIERA.mk)
  • LinkedIn и форуми за професионалци
  • Разговори со луѓе од истата индустрија

Целта: Да имате реалистичен опсег на плата врз основа на вашето искуство и вештини.

2. Подгответе аргументи зошто ја заслужувате таа плата

Работодавците сакаат да видат вредност за своите инвестиции. Наместо само да барате повисока плата, истакнете:

  • Ваши релевантни вештини и искуство
  • Постигнувања и резултати од претходни работни места
  • Како ќе придонесете за компанијата

Пример: „Во претходната улога помогнав да се зголеми продажбата за 20% преку подобрување на маркетинг стратегијата. Верувам дека моите вештини можат да донесат сличен успех и тука.“

3. Чекајте го вистинскиот момент

Најдобро време за преговарање за плата е:

  • При првата понуда (немојте веднаш да прифатите, размислете и разговарајте)
  • По завршување на пробниот рок, доколку докажете дека вредите повеќе
  • При преговори за унапредување

4. Бидете самоуверени, но флексибилни

Важно е да покажете дека сте сигурни во своите барања, но и отворени за разговор. Ако компанијата не може да ви даде повисока плата, размислете за други бенефиции:

  • Флексибилно работно време
  • Дополнителни денови за одмор
  • Бонуси или обуки

Пример: „Би сакал(а) да преговараме за плата од 50.000 денари, но доколку буџетот не дозволува, дали би можеле да разговараме за бонуси или дополнителни слободни денови?“

5. Вежбајте пред преговорите

Ако се чувствувате нервозни, вежбајте го разговорот со пријател или колега. Исто така, обидете се да ја предвидите реакцијата на работодавецот и подгответе одговори.

6. Не се согласувајте веднаш – побарајте време за размислување

Доколку ви понудат нешто пониско од вашите очекувања, не мора веднаш да одговорите.

Кажете: „Благодарам за понудата. Би сакал(а) да размислам и ќе ви одговорам наскоро.“

Ова ви дава простор да размислите дали понудата е добра или треба да ја одбиете.

7. Бидете подготвени да кажете „не“ ако условите не ви одговараат

Ако компанијата не е подготвена да ја понуди платата што ја барате и не нуди никакви дополнителни бенефиции, можеби треба да размислите за други можности. Понекогаш, подобро е да продолжите со барање работа отколку да прифатите нешто што не ве исполнува.

Преговарањето за плата е дел од процесот на градење кариера. Со добра подготовка, јасни аргументи и самоувереност, можете да ја добиете платата што ја заслужувате!

Тагови: плата

Промовирани огласи »

Во УСАИД ќе останат само 290 вработени од досегашните 10.000

Владата на Трамп ќе задржи само 290 од 10.000 вработени во УСАИД на светско ниво

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го претстави планот за драстично намалување на персоналот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ширум светот, оставајќи помалку од 300 вработени, јавија американските медиуми.

Според медиумите, планот ќе остави на работа помалку од 300 вработени од сегашните 8.000 директно вработени и со договори. Тие, заедно со околу 5.000 локални вработени ангажирани во странство, ќе раководат со програмите кои управата вели дека засега има намера да ги продолжи.

Се уште не е јасно дали намалувањето на персоналот на 300 вработени ќе биде трајно или привремено, што потенцијално ќе им овозможи на некои вработени да се вратат откако администрацијата на Трамп ќе ги разгледа и одлучи кои програми за помош и развој ќе ги продолжи.

Државниот секретар Марко Рубио за време на неговата посета на Доминиканската Република рече дека владата на САД ќе продолжи да обезбедува странска помош.

„Но, ова ќе биде странска помош што има смисла и е во согласност со нашиот национален интерес“.

По инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари, широкото замрзнување на финансирањето ги затвори повеќето програми на агенцијата ширум светот и речиси сите нејзини вработени беа ставени на одмор. Маск и Трамп разговараа за укинување на УСАИД како независна агенција и преместување на   програми во Стејт департментот.

Критичарите на одлуката инсистираат дека потегот е незаконски без одобрение од Конгресот.

Тагови: УСАИД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »