Промовирани огласи »

Врз основа на истражувањето на компанијата „Blacktower“, најдобар избор за пензионерски живот е Европа. Меѓу 37-те рангирани земји, Словенија се најде на самиот врв на листата. Според резултатите од истражувањето спроведено од компанијата „Blacktower“, Словенија е на одлично трето место на листата на најдобри европски земји за пријатна, мирна и исполнета старост.

Овој резултат е очекуван со оглед на отворените граници, нивото на благосостојба и општиот начин на живот во Словенија. Поради убавината на природата, близината и пристапноста, како и препознатливата култура, оваа земја е чест избор и совршена дестинација за секаков вид одмор.

Видео: ОВАА ЗЕМЈА ВО РЕГИОНОТ Е НАЈДОБРА ЗА ПЕНЗИОНЕРСКИ ЖИВОТ : Треторангирана е од сите европски земји

Србија е на 32. место, со просечна оценка 2,26. Меѓу земјите од регионот на листата се Хрватска на 18 место, Босна и Херцеговина на 28 место и Црна Гора на 33 место.

„Blacktower“ ги рангира земјите врз основа на неколку категории. Тоа се стапката на криминал, стандардот на граѓаните, бројот на постарите граѓани на возраст над 65 години и цената на недвижностите. Рангирани се и очекувањата на граѓаните, колку очекуваат дека под условите што ги дава државата долго ќе живеат во пензија.

Промовирани огласи »

Бесими: Даночните работници имаат клучна улога во борбата со неформалната економија

Јавните приходи се темелот на системот на јавни финансии

Јавните приходи се темелот на системот на јавни финансии, од чиј интензитет и динамика на наплата зависи испорачувањето на јавните услуги кон граѓаните и компаниите, а клучна улога во тоа имаат даночните работници, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на свеченост по повод одбележување на Денот на даночните работници, организиран од Управата за јавни приходи.

Со прибирање на јавните приходи се обезбедуваат средства за финансирање на образованието, здравството, инфраструктурата, социјалната заштита, како и за сите останати јавни услуги во државата. Вие, како даночни работници, ја имате една од најзначајните улоги во спроведување на словото на даночните закони и борба против неформалната економија. Почитување на законските обврски значат еднакви услови за работа за сите и еднаквост пред законот, а со тоа и намалување на неформалната економија. Презедовме значајни мерки, донесовме акциски план и заедно ќе продолжиме во справување со оваа појава, во градењето подобар даночен систем за да обезбедиме повисок квалитет на јавните услуги и забрзан раст и развој на домашната економија, истакна министерот.

Тој напомена дека во изминатиот период се работеше на  конципирање на даночни политики кои се во насока на исполнување на целите и приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025, а тоа се: обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем којшто ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, а паралелно се преземаат чекори за дигитализација на даночните процедури и за интензивирање на интероперабилноста меѓу надлежните институции. Исто така, потенцира дека во услови на криза се врши редовен и непречен поврат на ДДВ кон стопанството, а за граѓаните продолжува примената на мерката МојДДВ.

Ќе продолжиме и потнатаму со блиска соработка со Управата за јавни приходи и заеднички ќе работиме на реализација на низа приоритети во даночната сфера, меѓу кои и континуриано унапредување на даночното законодавство, зголемување на ефикасноста и ефективноста во прибирањето на даночните приходи, борба против неформалната економија, зголемување на транспарентоста на даночниот систем и зајакнување на соработката со министерствата за финансии и даночните администрации од регионот и пошироко, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Промовирани огласи »

Скопје повторно на врвот на листите за аерозагаденост

Покрај Скопје, голема загаденост синоќа имаше и во Струмица.

Скопје и оваа зима е загадено.

Откако синоќа повторно градот се проби меѓу првите 10 држави во светот според загаденоста, утрово забележан е благ пад на 21-то место, покажуваат податоците на „Ајкјуер“.

Покрај Скопје, голема загаденост синоќа имаше и во Струмица. Во овој град измерени беа дури 679 mg/m3, што е осум пати над дозволеното.

Промовирани огласи »

СДСМ: Со мерката за евтина тарифа едно семејство заштедува 1.000 денари месечно

Евтина електрична енергија има секој ден вкупно 11 часа и тоа од 13 до 15 часот, велат од СДСМ.

„Енергетските политики и мерки на Владата предводена од СДСМ овозможија враќање на евтината тарифа на електричната енергија за домаќинствата.

Евтина електрична енергија има секој ден вкупно 11 часа и тоа од 13:00 до 15:00 часот.

Останува евтината струја секој ден од 22:00 до 07:00 часот, додека во неделите е на сила цело деноноќие.

Ова значи просечна заштеда над 1.000 денари месечно.

СДСМ продолжува со грижа за сите граѓани. Со СДСМ секој добива повеќе“.

Соопштение на СДСМ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »