Промовирани огласи »

Овие два фактори се важни за задоволен работник

Што ги прави среќни работниците? Истражувањата дадоа одговор...

Последните истражувања покажуваат дека пофалбите и заблагодарувањето за добро завршената работа се клучни фактори за да еден работник биде задоволен.  

Германскиот економски институт објави текст во кој се наведува дека задоволни се оние работници кои добиваат покачување, добиваат пофалби и можат да напредуваат во кариерата.

Веќе 27 години се испитуваат работните услови во ЕУ, а во 2015 година опфатени беа 44.000 испитаници. 

Незадоволни се работниците кои имаат долг работен ден, кои се под притисок на временските рокови, или се прекинувани во текот на работењето. 

Најсреќни работници се Австријците и во оваа земја од анкетираните 93% се изјасниле дека се среќни на работа. 

Во Германија задоволни од работата се 88% од вработените.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

The Pirate Bay ви го користи компјутерот за да прави биткоини

Пиратите прават пари од милионските посетители без тие да знаат или одобрат

Торент сајтот за симнување на содржини The Pirate Bay најде нов начин како да ги финансира своите операции, а тоа е преку компјутерската комбинирана моќ на самите посетители. 

Корисници откриле дел од код на сајтот на The Pirate Bay кој го активира компјутерот за да ја „копа“ криптовалутата при што се создава вредност на блокчејн и се добива биткоин. 

„Пиратите“ за TorrentFreak откриле дека веќе некое време ја тестираат оваа опција за правење биткоини бидејќи не наоѓаат други легални начини да заработат и да ја продолжат онлајн битката за која тие сметаат дека е поврзана со слободата на говор и информирање.

Сигурно ваквите активности нема драстично да влијаат врз корисниците бидејќи да бидеме реални 99% од содржините се нелегални иако идејата на самиот сајт е слободно да се разменуваат информации на интернет без никакви реперкусии. 

Доколку „копањето“ на биткоини на The Pirate Bay целосно ги замени досегашните нападни реклами од кои повеќето се од сомнителни извори тоа може да биде и добар чекор бидејќи ќе се намали изложеноста на корисниците на вируси. Од друга страна пак, без нивно знаење и избор драстично ќе се намали репутацијата на The Pirate Bay во торент заедницата.

Промовирани огласи »

Секс скандал во авиокомпанија: Пилотите тајно ги снимале стјуардесите за време на секс!

Авио компанијата „Кондор“ води истрага

Германскиот авио-превозник „Кондор“ отвори истрага после избивањето на гласините околу можниот секс скандал во својата компанија.

Имено, пилотите на оваа германска авиокомпанија, тајно ги снимале стујардесите за време на секс во авионите и надвор од нив. Подоцна, овие снимки кружеле меѓу пилотите како трофеи, секако, без за тоа да знаат стујардесите.

Сепак, портпаролот на компанијата се огласи во текот на вчерашниот ден од Франкфурт и порача дека засега нема докази кои што би биле појдовна точка за да започне еден процес на кривично гонење на пилотите на авиокомпанијата „Кондор“.

Од компанијата соопштија дека само поради претпазливост, ги предупредиле своите вработени за можни злоупотреби на видео-снимки и правните последици со кои што би се соочиле доколку се случи такво нешто.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »