Промовирани огласи »

KARIERA.mk дознава: На кој начин функционира делот "People you may know" на FB

Сигурно сте се запрашале

Една жена во People You May Know, ја видела нејзината подалечна роднина со кого таа нема заеднички пријател, нити живее во истиот град, ниту ги дели истите интереси и никогаш се немаат видено.

Благодарна сум на Фејсбук дека добив шанса да разговарам со роднина што никогаш не сум ја видел, но јас се враќам на прашањето зошто и како таа беше во моите препорачани пријатели – рече оваа жена.

Facebook објаснува дека опцијата People You May Know сугерира кориснички профили со кои ги имате заеднички пријатели или сте обележани во истата слика. Но се случило да се појават луѓе кои се од вашето детство и не сте се виделе повеќе од 20 години или пак колега од вашата компанија со кој никогаш не сте се запознале и работи од другата страна на светот.

Сепак, ова не е прв случај дека Фејсбук без никакви заеднички врски препорачал луѓе од нашите животи за кои можеби сме заборавиле.

Како оваа селекција е направена од Фејсбук сеуште се чува во тајност.

Промовирани огласи »

Следната година ќе им требаат 15.000 работници

Македонците можат да бараат работа во оваа земја

За идната година на Хрватска ќе и требаат 15.000 туристички работници. 

Проблем е што од оваа земја си заминуваат не само образовани кадри, туку и занаетчии. 

Хрватска има 200.000 невработени, а многу често и цели семејства се иселуваат во странство. 

Состојбата е алармантна последниве неколку години. Се размислува за увоз на работници од други балкански земји, но и од Филипините. 

Промовирани огласи »

Видео: Oва ќе биде најниската цена за iPhone 8

Ниска цена...

Се очекува на 12 септември компанијата Apple да го претстави долгоочекуваниот, а судејќи според се и најскап  iPhone досега. 

Од информациите кои протекоа, моделот нема да се вика iPhone 8, туку  iPhone X, а цената ќе биде 999 долари. 

Ако се точни овие информации, ова ќе биде најниска цена досега. 

Претходно беа презентирани модели со цени од 1.099 и 1.199 долари, пренесе Н1. 

Видео: Oва ќе биде најниската цена за iPhone 8

Промовирани огласи »

Германците се најзадоволна нација во Европа

Што е она што ги турка Германците да гледаат на иднината со оптимизам?

Германците се најзадоволниот народ во Европската унија – процентот на германски граѓани кои се задоволни од насоката во која се движи земјата е повисока од другите нации.

Анкетата на фондацијата “Bertelsman” покажува дека 59 отсто од Германците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока. Околу 77 отсто од испитаниците истакнуваат дека нивната лична економска ситуација е подобрена или останала иста во последните две години, а 80 отсто се опишале како гласачи на политичкиот центар.

Италијанците се најмалку задоволни. Само 13 отсто од испитаниците веруваат во насоката на движење на нивната земја. Во Франција и Обединетото Кралство, 36% и 31% се задоволни, додека во цела ЕУ, задоволни се 36%.

Меѓу големите европски земји, Франција е политички најполаризирана – 51 отсто се анкетирани за политичкиот центар, 24 проценти се левичари или екстремни левичари, додека 25 проценти се опишуваат како десничари или екстремни десничари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »