Интересот за некое работно место е уште поголем доколку интервјуто помине супер и по излезот од интервју почувствувте дека можеби овојпат се ќе биде во ред и ќе ја добиете посакуваната позиција.
Меѓутоа, не ретко се случува да очекувате одговор долго време од компанијата и неизвесноста да расте.
KARIERA.mk издвојува неколку причини зошто можеби сеуште чекате на повик од компанијата каде интервјуто помина во најдобар ред и излеговте многу задоволни.

Некои работодавци прават селекција од првото интервју и ги повикуваат кандидатите во вториот, потесен круг.
- Итно отсуство на некој од работодавците
Земете предвид дека некој работодавец можеби земал итно отсуство од работа и донесувањето на одлука се одложува.
- Одлуката зависи од повеќе луѓе
Колку повеќе луѓе се вклучени во носење на одлука за вашето вработување, толку е подолг процесот на чекање.

- Останатите интервјуа одземаат повеќе време
Можеби вие сте првиот кандидат, а после вас следуваат уште многу кандидати. Интервјуата може да траат и со месеци.
- Одобрување од повисоки позиции
Доколку на пример станува збор за филијала на одредена компанија тие секако чекаат одобрување од повисоките позиции за новото вработување. Понекогаш, доколку се работи за странски инвестиции со седиште преку океаните може одоговорот да потрае со недели или месеци.
- Економијата се менува преку ноќ
Очекувајте дека можеби ќе се побара од нив да скратат од буџетот и тогаш вработувањето отпаѓа.
Можеби вие сте втора опција доколку првиот одбие, но одлуката од кандидатот одзема многу време.

Тагови: интервју за работа