Овие денови е навистина тешко да се издржи на работното место поради високите температури кои не прават нерасположени и без енергија.
Сепак, обврските чекаат на нас и нема простор за оправдувања. Вратете си ја концентрацијата и способноста за фокусирање со зголемување на енергијата на следниве начини:

- Накратко поразговарајте на телефон со блиска личност
Доволно е да поразговарате неколку минути со саканиот, децата или верна пријателка за да ви се намали стресот, да ви се подобри расположението и да добиете нови сили за работа.
Без причина јавете се некому и разговорот ќе ви делува како енергетска бомба.

- Каснете закуска во 15 часот
Луѓето најчесто се жалат дека ги напушта енергијата и концентрацијата во 15 часот попладне. Решение? Чувајте во фиоката непечени бадеми. Бадемите се богати со магнезиум и протеини коишто ја одржуваат енергијата стабилна.
За максимален ефект, најдобро е да ги комбинирате со овошен јогурт.
- Напијте се чаша ладна вода
Ставете коцка мраз во водата и испразнете ја чашата. Дехидратацијата е чест и подмолен крадец на енергијата. Ниската температура на водата ќе го разбуди телото и ќе го фокусира умот.

- Подигнете се неколку пати на прсти и истегнете се
Станете за момент, подигнете се неколку пати на прсти и протегнете ги рацете. На тој начин ќе си ја подобрите циркулацијата низ целото тело, а со тоа ќе ѝ кажете збогум на поспаноста.
Ако се движите низ канцеларија жалејќи се колку сте исцрпени, ќе изгледате уморно и потсвесно уште повеќе ќе си ја намалите енергијата. Не се предавајте при првите знаци на замор. Останете активни и позитивни.

- Споделете шега или смешно видео со колегите
Групното смеење ќе ви го разведри расположението, ќе го елиминира стресот и ќе ви го покачи нивото на енергија. Шефот нема право да ви се лути.
Истражувањата покажуваат дека кратките забавни активности во текот на работното време всушност ја зголемуваат продуктивноста на вработените (тука спаѓаат и кратките посети на социјалните мрежи како Facebook).