Промовирани огласи »

Денес се празнува Велики четврток

Кои се традициите за Велики четврток

Почнуваат велигденските празнувања. Граѓаните ги чека продолжен викенд исполнет со традиционалното вапсање на велигденските јајца. Велики четврток е токму денот кога се вапсаат првите јајца.

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, уште се нарекува божјаче, и откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“.

Промовирани огласи »

Бесплатно паркирање во Центар за Велигденските празници

На 14, 16 и на 17 април граѓаните ќе можат да паркираат без надомест.

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април - петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие.

Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „пајак“ службата ќе работи 24/7 за време на празниците, се посочува во соопштението со честитка за празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

Што значат боите на велигденските јајца?

Откријте што значат боите на велигденските какца

Традиционално рано наутро на велики четврток се започнува со фарбање на велигденските јајца кои го симболизираат христовото воскресение.

Освен црвената боја која е симбол на велигден,поради новиот живот и плодноста која е компарација со Христовото воскресение има и други бои кои имаат нивно значење

Како на пример, жолтата боја значи светлина, радост; портокаловата – трпение, моќ; зелена – храброст, големина; виолетова – надеж, спокојство, а сина – здравје и ведрина.

Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапсале јајцето, тоа означува огромна среќа и бериќет оваа година.

Тагови: обичаи традиции велигден

Промовирани огласи »

Како да заработувате и онлајн

Доколку ви е потребен дополителен финансиски прилив – неколку начини како да заработувате

Ако барате работа каде што би заработиле нешто плус за домашниот буџет или нова деловна идеја, можеби сте размислувале за начини да заработите пари онлајн. Доколку знаете како да го направит тоа, заработувањето пари онлајн е прилично едноставно. Можете да работите со полно или со скратено работно време директно од удобноста на вашиот дом. Кој не би сакал да работи во пижами и да заработи  дополнително?

Во продолжение неколку начини како до заработка онлајн:

  • Најдете хонорарна работа. Хонорарна работа е кога работите за себе и ги завршувате проектите на договор.
  • Започнете канал на YouTube.
  • Започнете со dropshipping бизнис.
  • Правете онлајн анкети.
  • Направете блог.
  • Напишете и објавите е-книга.
  • Развијте апликација.
  • Станете виртуелен тутор.

Интернетот е полн со можности да заработите пари од дома, вие треба само да го пронајдете начинот кој вас најмногу ви одговара и да внимавате на сомнителни ако не и директни измами каде од вас се бара однапред плаќање или вашиот број за социјално осигурување или какви било финансиски информации, како што е бројот на вашата кредитна картичка.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »