Можеби сте чуле за отворената работна позиција на вселенската агенција НАСА кои бараат „Офицер за планетарна заштита“. По објавата за ова работно место, тие добиле голем број апликации, но ниту една од нив не била толку оригинална и слатка како онаа на 9-годишниот Џек Дејвис, кој ги поседувал сите потребни квалификации за да биде „чувар на галаксијата“. Во продолжение, прочитајте го неговото генијално писмо…

Драга НАСА,
Јас се викам Џек Дејвис и би сакал да се пријавам за работата како офицер за планетарна заштита. Можеби имам 9 години, но мислам дека ќе одговарам за работата. Една од причините е тоа што сестра ми ми кажува дека сум вознемјанин. Исто така, ги имам изгледано речиси сите вселенски и вонземјански филмови што постојат. Исто така, ја имам гледано серијата „Marvel’s Agents of Shield“ и се надевам дека ќе го гледам и филмот „Луѓе во црно“. Одлично играм видеоигри. Млад сум, така што би можел да научам да размислувам како вонземјанин.
Со почит,
Џек Дејвис
Чувар на галаксијата
Четврто одделение

Писмото на Џек стана многу популарно на Интернет, откако еден семеен пријател го објавил на Reddit. Писмото на крајот стигнало до директорот на планетарната научна дивизија во НАСА и тој му дал совршен одговор на Џек преку Твитер.

Драг Џек,
Слушам дека си „чувар на галаксијата“ и дека си заинтересиран за тоа да станеш офицер за планетарна заштита во НАСА. Тоа е супер!
Позицијата за офицер на планетарна заштита е многу кул и важна работа. Треба да се заштитува Земјата од мали микроби што ги носиме како примероци кога се враќаме од месечината, астероидите и Марс. Исто така, треба да ги заштитуваме другите планети и месечината од нашите бактерии, бидејќи ние сакаме одговорно да го истражуваме сончевиот систем.
Секогаш бараме паметни идни научници и инженери за да ни помогнат, така што се надевам дека многу ќе учиш и ќе постигнуваш одличен успех на училиште. Се надеваме дека ќе те видиме наскоро во НАСА!
Со почит,
Доктор Џејмс Л. Грин,
Директор, Планетарна научна дивизија

Да се надеваме дека овој одговор ќе ги охрабри Џек и другите амбициозни дечиња да учат и да работат напорно за еден ден навистина да станат „чувари на галаксијата“.