Чија е вината за тоа дека жените се уште добиваат помали плати од мажите? Ова е едно од прашањата кои се појавија откако беа обелоденети платите на врвните позициски имиња на BBC и стана јасно дека претставниците на посилниот пол заработуваат значително повеќе од оние на понежниот.

Ако можеме да најдеме кого или што да обвиниме, ќе знаеме што да промениме. Во културата ли е проблемот? Во мажите? Или во жените, премногу плашливи да го побараат она што им припаѓа? Всушност, одговорот е комбинација од сите овие фактори, но само еден од нив може брзо да биде поправена - како жените се гледаат себеси и сопствената вредност.
Тешко е да се зборува за овие работи. Филип Хемптон, кој беше меѓу луѓето, кои подготуваа нарачано истражување од владата за бројот жени на високи позиции во бизнисот, рече по темата на BBC дека „жените дозволиле ова да се случи, бидејќи не направиле ништо за прашањето“. Тој додаде дека во текот на годините во Сити многу мажи сакале директно од него поголеми плати, но ниту една жена не го направила тоа.
Хемптон доби многу критики за коментарите, но дали не е во право? Историјата тука не е дали 20 богати жени од BBC добиле пари колку 40 богати мажи. А е за милиони дами кои не се чувствуваат удобно да кажат: „Може ли да добијам 20% покачување оваа година?“. Дури не зборуваме за нискоквалификувани службенички, кои воопшто немаат можност да преговараат за платата.
Многу жени признаваат дека нивните внатрешни бариери се проблем. И дека веќе им е доста. Се разбира, постојат несвесни предрасуди и од двете страни. Неодамнешно американско истражување покажа дека жените оставиле впечаток на „непопустливоста и антипатичноста“за време на преговори за повисока плата. А мажите се видени на друг начин. Штом дамите се оценети како „непријатни“, ако си побараат повеќе пари, таа предрасуда е очигледна.
Зошто да не ризикуваме да не бидеме допаднати? Прашај за она што го заслужуваш. Биди подготвена да покажеш дека го заслужуваш. Дај примери и контра понуди. Прикажи му на шефот што можеш во рок од 6 месеци и потоа именувај сума. Откриј го она што те запира да заработуваш повеќе пари и започни ја промената.