Учењето на различни јазици може да биде корисно за децата во поглед на развојот и културното изложување, но сигурно се прашувате кои јазици треба да ги одберат за најдобро да се снајдат во животот?!

Еспертите анализираа како јазикот може да влијае на животот на децата и улогата што ја игра во секојдневните активности. Тие, исто така, утврдија кои јазици ги отвараат вратите на децата и би им овозможиле најдобри можности за кариера кога ќе влезат во светот на возрасните.
Ние веруваме дека учењето на јазик е многу корисно за развојот на децата и тоа е вистинска инвестиција за иднината, рече Антонела Сорас, професор по развојна ингвистика и директор на прашања за двојазичност на Единбуршкиот универзитет.
Студијата вклучува анкета на 2.001 родители со деца на возраст под 18 години, паралелно со уште една анкета на повеќе од 500 бизнис лидери.
Резултатите покажаа дека децата треба да учат француски, германски и / или мандарински ако сакаат да бидат успешни во следните 10 години и да ја зголемат нивната можност за вработување. Владеењето на втор јазик ја отвора вратата за нови пазари за бизнисите и им овозможува да создадат нови односи со потенцијалните партнери.

Ако сакате вашето дете да се издвои од толпата ловци на успешна кариера, осигурајте се дека ќе влијаете врз изборот на интереси на своето дете и никако не дозволувајте да остане со познавање на само еден странски јазик.
Иднината носи нови предизвици, да им веруваме на лингвистите и нивните истражувања за иднината и нашите деца во бизнис светот.