Промовирани огласи »

Црна Гора го доби победникот во лежење, не станал 60 часа

Победникот на црногорскиот натпревар во лежење одмораше 60 часа

Жарко Пејановиќ е победник на 12-тиот натпревар во лежење, кој традиционално се одржува во Црна Гора во етно селото Црна Гора, недалеку од Никшиќ.

Пејановиќ издржал 60 часа лежење и освои 350 евра за трудот, рафтинг, викенд во етно селото, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу спонзорски награди.

Не беше тешко. Верувајте ми, дури не се ни загреав, изјавил тој.

Кога друштвото доаѓа да ги поддржи конкурентите, тоа е забавно, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога доаѓа нечие семејство, тешко е да не станете, објасни тој.

Промовирани огласи »

Нема месо поевтино од 250 денари, доматите и бананите над 60 денари за килограм

Ако претходно купувавте турско кафе од 200 грама по цена од 68 денари, сега за истото треба да платите од 93-100 денари.

Цените на основните прехранбени производи и натаму растат.

Поскапување има кај лебот за неколку денари, во однос на претходните седмици, но и кај кафето, млекото, овошјето, зеленчукот, месото...

За килограм мелено месо ќе мора да издвоите над 250 денари. Млеко може да најдете по различни цени, зависно од прозводителот, од 50 денари нагоре, а познатото „Битолско“ достигна цена од 68 денари низ маркетите.

Ако претходно купувавте турско кафе од 200 грама по цена од 68 денари, сега за истото треба да платите од 93-100 денари.

Домати низ маркетите нема поевтини од 60 денари. Бананите исто така „држат цена“ од над 60 денари за килограм.

Маслото за јадење чини од 135 денари до 165 денари, зависно од брендот и маркетот.

Средствата за лична хигиена и одржување на домаќинството исто така се поскапени, освен ако не ги начекате на некаква акција низ поголемите маркети.

Промовирани огласи »

Од денес на КАРИЕРА.мк сите активни огласи од Скопски Легури

Скопски Легури вработува во Скопје!

Скопски Легури ДООЕЛ е брз и динамичен македонски производител на феролегури. Скопски Легури е клучен извозник на производи од феролегури во Европската Унија, Балканот, САД, Турција и земјите од Блискиот Исток.

Поради долгогодишното искуство во работењето на металуршкиот пазар како и висококвалитетното производство, претпријатието се стекна со репутација на доверлив партнер кој ги исполнува барањата на клиентите.

Денес Скопски Легури постојано го зголемува производството и ја зголемува разновидноста на производите.

Од сега сите огласи на Скопски Легури може да ги најдете на КАРИЕРА.МК

Воедно моментално вработуваат:

АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

Тагови: Скопски Легури ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

Њујорк тајмс: Повеќе од 300 доверливи документи пронајдени во домот на Трамп во Флорида

Над 300 „доверливи документи“ најдени во домот на Трамп

Американската влада пронашла повеќе од 300 доверливи документи на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, вклучително и материјали од ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и ФБИ, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи повеќе луѓе запознаени со тоа прашање.

Првичната серија од повеќе од 150 доверливи документи беше пронајдена од Националниот архив на САД во јануари, објави весникот. Соработниците на Трамп му дадоа втор сет на американското Министерство за правда во јуни, додека третиот сет беше запленет во рација на ФБИ претходно овој месец, се вели во соопштението.

Министерството за правда се уште не одговорило на барањето за коментар, ниту пак претставници на поранешниот претседател. Претресот е дел од федералната истрага за тоа дали Трамп незаконски отстранил документи кога ја напушти функцијата во јануари 2021 година по поразот на претседателските избори од демократот Џо Бајден.

За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети доверливи материјали во Мар-а-Лаго, од кои некои беа означени како „строго доверливо“ – највисоко ниво на тајност резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и може да се видат само во посебни државни установи.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »