Промовирани огласи »

Европската валута е на дното за период од пет седмици

Паѓа во однос на доларот

Европската валута еврото е на најниско ниво во последните пет недели во однос на доларот. 

Еврото утринава во азиското тргување се намали на само 1,0026 долари, првпат од 15 јули, а потоа се искачи на 1,0040 долари, пренесува Ројтерс.

Во однос на јапонската валута, која е исклучително чувствителна на движењето на приносите на американските државни обврзници, доларот зајакна на дури 137,44 јени. Тоа е највисоко ниво од 27 јули.

Британската фунта се тргуваше за 1,18325 долари, а најниското ниво во последните пет недели беше на 1,17925 долари.

Еврото е под притисок откако Русија објави дека на крајот на овој месец ќе ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 на три дена поради работи за одржување.  Војната во Украина и енеергетската криза доведоа до промена на валутите.

foto freepik.com/jcalvera

Промовирани огласи »

Град Скопје: Изработен е сеопфатен план за штедење на електрична енергија

Во моментов се изготвуваат и соодветни препораки до јавните претпријатија кои се во надлежност на Град Скопје.

Град Скопје изработи сеопфатен план за штедење на електрична енергија со мерки за намалување на потрошувачката на струја на среден и долг рок, а истиот содржи и интервентни мерки на штедење, велат од Град Скопје.

Во пресрет на зимскиот период и енергетската криза, Град Скопје изработи сеопфатен план за штедење на електрична енергија со мерки за намалување на потрошувачката на среден и долг рок, а истиот содржи и интервентни мерки на штедење. Во моментов се изготвуваат и соодветни препораки до јавните претпријатија кои се во надлежност на Град Скопје, информираат од Град Скопје за МИА. 

Промовирани огласи »

Нови активни работни позиции во НЕПТУН

Повик за работа во Нептун! Отворени нови работни позиции во НЕПТУН!

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Во моментов вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - БИТОЛА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - КОЧАНИ
БРЕНД ПРОМОТЕРИ

За да ги видите и аплицирате на огласите кликнете ОВДЕ!

Тагови: Нептун Македонија

Промовирани огласи »

Фото: Прелет на два американски авионите Б52 над Скопје

Американски бомбардери над македонското небо

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денес во 14.35 часот извршија прелети над Скопје со два воени воздухоплови, бомбардери од типот „Б-52“.

Според Министерството за одбрана, прелетите на воените авиони, познати како „Летечки тврдини“, го демонстрираат силното сојузништво на земјава во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Македонија.

Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснуваат од МО.

Пред малку се огласија и од американската амбасада од каде велат дека ова показател на посветеност на САД кон сојузниците од НАТО.

Погледни нагоре! Денеска во 14 часот и 30 минути во Скопје ќе има нисковисински прелет на два Б-52. Целта на прелетот е да ја покаже посветеноста и гаранцијата на САД кон сојузниците и партнерите на НАТО на Балканот. : #Заедно посилни #НиеСМЕНАТО Европската команда на САД (EUCOM)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »