Животот некогаш може да стане неподнослив и да ја исцеди твојата енергија во секоја активност без разлика дали е на работа или во бизнисот. Ова се неколку навики кои ќе ви помогнат да завршите повеќе работа со помалку стрес.

Поставувајте си прашања за едноставноста на вашата работа - ако станете нефокусирани: кое е најважното нешто што можам да го направам сега? Дали ова ме доближува до мојата цел? Дали ги одржувам работите екстремно едноставни сега? Со поставување на овој тип на прашања ќе го намалите стресот.
Фокусирајте се на една задача додека работите. Докажано е дека ако се фокусираме на повеќе задачи додека работиме нашиот фокус опаѓа со што би предизвикал дополнителен стрес. Затоа важно е да останеме фокусирани на една задача.
Поставете цврсти граници помеѓу работата и личното време. Вашето лично време треба да биде посветено само на вас и вашиот круг на луѓе. Стресот кај луѓето се зголемува поради тоа што работата ја поврзуваат со личното време и не ги разграничуваат тие две работи.
Какви се вашите начини за справување со стресот на работа?