Промовирани огласи »

Од УХМР известуваат дека утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени.

Во Скопје од утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Тагови: УХМР

Промовирани огласи »

Колку време треба да помине по третата, за да примите четврта доза вакцина против ковид?

Од вчера стартуваше вакцинацијата со четврта доза против ковид-вирусот кој повторно зема замав.

Од вчера стартуваше вакцинацијата со четврта доза против ковид-вирусот кој повторно зема замав. 

Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19, за што не е потребно закажување. 

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна.

Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци, велат надлежните. 

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.   

-Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, порачаа од Комисијата за заразни болести. 

Промовирани огласи »

Благ пад на цените - еве колку ќе чинат горивата од полноќ

Ова се новите цени на нафтените деривати!

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 3,00 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 денари за килограм.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39 проценти во однос на претходната одлука.

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,021 отсто, кај дизелот за 4,102 проценти, кај екстра лесното масло за 4,591 отсто и кај мазутот за 3,082 проценти - посочуваат од РКЕ.

Од 8.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин Еуросупер БС - 95 105,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин Еуросупер БС - 98 108,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм) 

Промовирани огласи »

Зошто проширувањето на ленти не го решава густиот сообраќај?!

Проблемот се решава едноставно, или не?!

Проблемот треба да се бара во добра инфраструктура во алтернативни превозни средства (автобус, трамвај, велосипед). Со тоа се повеќе луѓе ќе се одлучат за нив отколку за автомобили.

Зошто проширувањето на ленти не го решава густиот сообраќај?!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »