Промовирани огласи »

Започна исплатата на ваучерите за сметки за струја

Еве колкава сума ќе биде покриена

Почна исплатата на домаќинствата на ваучерите од 600 до 800 денари за сметки за струја. Листата на домаќинсвата на кои ќе им бидат покриени дел од трошоците за потрошената струја уште не е во целост финализирана.

Околу 6.500 домаќинства поднеле апликација за финансиска поддршка со која се намалува месечната сметка за потрошена електрична енергија. Досега близу 2700 домаќинства ги исполниле условите, а за другите апликации се прават проверки од страна на надлежните институции.

Парите кои се одвоени за помош не легнуваат на сметките на граѓаните туку директно се пребиваат од доспеаната сметка за стуја. Финалните листи со сите домаќинства кои се стекнале со ова право наскоро ќе биде објавена од веб страницата на Министерство за економија. Покрај ова, најавите се дека и со прекроената државна каса и годинава ќе се одвојат ваучери за годишен одмор од 12 илјади денари за граѓаните со ниски примања.Јавниот повик за оваа мерка се очекува да биде објавен во втората половина од годинава.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители.

Со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители.

Цел на предложените законски измени е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

На оваа своја седница Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.

Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.

Промовирани огласи »

Пензиите и овој месец предвремено ќе се исплаќаат

Еве кој и кога ќе може да ги подигне

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »